Николовски:Унапредувањето на трговската и економската размена со Русија е од заеднички интерес за двете земји
Дата на објава:
5 Февруари 2018Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов.
На средбата беше потенцирана потребата од унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, што е од заеднички интерес за двете земји.Министерот Николовски, посочи дека Владата на Република Македонија, ќе ја продолжи поддршката на македонските компании за промоција на нашите земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, преку поддршка за нивен настап на најголемите саеми во Москва, како што е актуелниот „Продекспо“ и „Светот на храната“. Министерот Ткачов, порача, Македонија да продолжи со промоција и збогатување на асортиманот со нови македонски производи, за кои има интерес на пазарот во Русија.