ЈАВНА РАСПРАВА
Дата на објава: 
10 Мај 2010

Работната верзија на  подзаконскиот акт -Правилник за начинот на спроведување на добра земјоделкса односно  хигиенска пракса со прилог Кодекс и Прирачник за добра земјоделкса пракса.

 

Се повикуваат сите заинтересирани страни да го дискутираат  нацрт текстот  на подзаконскиот акт   со цел  конкструктивен придонес во  дефинирањето на оваа тематска област кој претставува  основа за поттикнување на примента на агро-еколошките мерки и користење специфични субвенции и плаќања за таа намена како и услов за користење на одделни мерки за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Контакт:

Валентина Митева

tmvmiteva@yahoo.com

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

ПОСТАПКА БР. 26-5482/2/2010
Дата на објава: 
10 Мај 2010

ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ

БР. 26-5482/2/2010

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕMЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса: goran.dimoski@mzsv.gov.mk .

Додаток за превземање: 

Зголемен лимитот за кредитите за откуп на винско грозје
Дата на објава: 
7 Мај 2010
Pres zamenik 002.jpg

Наместо 300.000 евра што беше лимит досега, винарските визби ќе може да земат максимален заем од 700.000 евра со пет отсто годишна камата од земјоделскиот кредитен фонд. Целта на зголемувањето е да се исплатат заостанатите долгови кон лозарите од реколтата 2009 година.

 

Фондот годинава располага со 10 милиони евра од кои 2,5 милиони се за лозарите и винарите.

 

- Новите кредитобаратели може целиот износ од 700.000 евра да го наменат за отплата на долговите или со 300.000 евра да набават основни или обртни средства, но сумата над оваа до новиот лимит може да биде наменета само за подмирување обврски за откуп на грозје за преработка, рече денеска на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.


Министерот Димовски во Радовиш
Дата на објава: 
6 Мај 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Радовиш присуствуваше на свеченото пуштањето во употреба на млекарницата „Ѓоргиеви“.

 

Млечната индустрија „Ѓоргиеви“ постои од 2005 година како претходен дел од ЗИК „Радовишко поле“ во стечај. Со 25 тони млеко дневен капацитет, моментно произведува преработки од млеко,сирење и кашкавал, овчи, кравји и мешан.

 

- Изминативе неколку години во објектот инвестиравме 150.000 евра. Целосно го реконструиравме, одвнатре и однадвор, ставивме нов под, вградивме линија за производство на кашкавал и путер.  Сега ги имплементираме потребните меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.

 

Очекуваме да бидат спроведени за максимум шест месеци, изјави Драги Ѓоргиев, сопственик на млекарницата.

 


Работен состанок на министерот Димовски со земјоделски здруженија
Дата на објава: 
5 Мај 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на Федерацијата на фармери и Сојузот на земјоделците. Тема на состанокот беше подготовките за жетва и откуп на пченицата од претстојната реколта.

 

Денешната средба истакнаат земјоделците е навремена и ќе придонесе за квалитетно извршување на жетвените активности. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговарало за склучувањето на договорите за  откуп на пченицата.

 

Како проблем кој не би требало да се повтори и оваа година земјоделците ги наведоа доцнењето со исплатата, високиот процент на одбитоци и старата жетвена механизација.

 


Syndicate content