Дата на објава:
13 Мај 2010Владата и натаму останува исклучително посветена на аграрниот сектор, истакна ресорниот министер Љупчо Димовски во денешното обраќање на Генералното собрание на Федерацијата на фармери на Република Македонија.
Министерот Димовски напомена дека државата ги смета здруженијата на земјоделците за свои партнери и неизбежно ги консултира при донесувањето на позначајните закони и прописи, како и при реализирањето какви било активности во земјоделството.
- Неколку години по ред Федерацијата активно учествува во изготвувањето на програмите за финансирање на земјоделството со свои сугестии. Целта на ваквата соработка е заедничкиот интерес за зголемување на аграрниот стандард и подигнување на социо-економските услови на руралното население, истакна министерот.