- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Постапка бр. 26-6319/2/2010
Дата на објава: 7 Јуни 2010ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ ИЗБОР НА ОВЛАСТЕН СЕРВИСЕР ЗА СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗИЛА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса: goran.dimoski@mzsv.gov.mk . Додаток за превземање: Министрите за земјоделство на Македонија и на Србија го порибуваа Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид пастрмка
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заедно со неговиот српски колега Саша Драгин, денеска во Охрид присуствуваа на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка.
Во водите на езерото беа пуштени 400 илјади единки охридска пастрмка од годинaшниот мрест, подмладок одгледан по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Министерот Димовски појасни дека се работи за трето по ред порибување на Охридското Езеро со пастрмка оваа година, во рамките на тековните активности предвидени со програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство,
Дата на објава: 3 Јуни 2010Македонското министерство за земјоделство ќе ги пренесе своите искуства на колегите од српското министерство за земјоделство, со цел побрза имплементација на европските стандарди во земјоделството.
Ова денеска го изјави македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски по средбата со неговиот српски колега Саша Драгин во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.
- Ние можеби сме еден или два чекора понапред од Српската платежна агенција и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија сесрдно ќе излезе во пресрет на било кое барање на Српското министерство во делот на пренесување на искуствата од нашето досегашно работење и евентуалните грешки кои нашата страна ги има направено за да не се повторат и кај нив, рече министерот Димовски, додавајќи дека на вториот дел од средбата со српскиот министер ќе се разговара за регионалната соработка.Двете министерства досега имаат одлична соработка и ќе продолжи и во иднина.
Работен состанок пред жетвата на пченицата
Дата на објава: 2 Јуни 2010Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на групацијата на мелничко-пекарската индустрија на Стопанската комора на Македонија, агрокомората на Сојузот на стопанските комори и на земјоделските здруженија. Овај состанок е продолжение од претходниот каде што се разговараше за претстојниот откуп на пченицата.На овој состанок беше констатирано дека по откупот на домашната пченица треба да се почне со увозот на пченица и на брашно за да не дојде до нарушување на пазарот.Според производителите на пченица и на брашно приблем претставува ефтиното увозно брашно, поради што побараа увозното брашно да се контролира со лабораториска анализа и ако ги исполнува условите, да се пушти во промет“.Министерството за земјоделство како што беше кажано ќе ги превземе сите потребни мерки кои се во негова надлежност со цел извршување на квалитетен откуп на пченицата од реколта годинава. Денови на раноградинарски производи
Дата на објава: 30 Мај 2010Во Куклиш кај Струмица годинава по втор пат се организира манифестацијата „Денови на раноградинарски производи“ на која учествуваат индивидуални земјоделски производители, земјоделски задруги, здруженија, аптеки и претставници на банките кои го кредитираат аграрот.
На Саемот, на кој посебни штандови на спортското игралиште во Куклиш беа изложени разни земјоделски производи и беше организирана нивна дегустација, присуствуваше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски.
|