Дата на објава:
28 Јуни 2010Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа состанок со производителите на пченица, членки на земјоделските здруженија и мелничко-пекарските компании, членки на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопански комори.
Засилени контроли на граничните премини, но и на внатрешниот пазар од страна на Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи увоз на неквалитетно брашно и пченица, како и примена на законските правила во производството и во откупот на лебното жито, најави министерот Димовски на состанокот со земјоделците и мелничарите.
-Проблеми во откупот на пченицата не би требало да има, а откупната цена треба да ја договорат производителите и мелничарите. И оваа година за потребите на државата, Бирото за стокови резерви ќе се вклучи во откупот, но, засега, не се знае колкави ќе бидат тие количини- рече министерот Димовски.