Новости

Владата ги усвои Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2018 година
Дата на објава: 
24 Јануари 2018
vlada2.jpg

Владата на вчерашната 50-та седница усвои неколку Програми по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и информации за распишување на јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари и над 3 хектари.


„Зелена Недела“, Берлин -Со унапредување на глобалното сточарско производство до решавње на проблемот со глад и сиромаштија
Дата на објава: 
20 Јануари 2018
26903637_1614755531915333_5531410435046728406_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска на „Глобалниот форум за храна и земјоделство“, во Берлин, заедно со присутните 70 министри за земјоделство, ги усвоија заклучоците од заедничиот извештај-„Коминике2018“ за „Обликувањето на иднината на сточарството – одржливост, одговорност и ефикасност“.

Министрите за земјоделство од целиот свет беа согласни дека сточарското производство на глобално ниво ќе треба да одговори на зголемената побарувачка на ефикасен и одржлив начин и ќе мора да ја подобри  профитабилноста на фармерите. На пленарната сесија беше потенцирано дека сточарството како гранка има голема улога во борбата против гладот и намалувањето на сиромаштијата.


Министерот Николовски потпиша свечена изјава за поддршка на Европската декларација за развој на производство на соја без ГМО
Дата на објава: 
19 Јануари 2018
26733530_2092022924352569_3826576679156616652_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на саемот „Зелена Недела“, во Берлин, Сојузна Република Германија, на формалната церемонија за потпишување на Европската декларација за соја, организирана од страна на министерот за земјоделство на Унгарија, г-дин Шандор Фазекеш, потпиша свечена изјава, со која Македонија дава поддршка на оваа Европска декларација за соја.

Потписници на заедничката Декларација се Австрија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Романија,Словачка и Словенија. Со оваа декларација се дава поддршка на зголеменото производство на  соја и други легуминозни култури за храна и добиточна храна, како придонес за развој на поодржливи и поеластични земјоделски системи во Европа, како и поддршка на Агендата 2030 на Обединетите Нации и Стратегијата за одржлив развој на Европската унија.


Албански и американски бизнисмени заинтересирани за соработка и инвестиции во македонското земјоделство
Дата на објава: 
18 Јануари 2018
slika drzaven.jpg

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику, денеска имаше работен состанок со бизнисмени, членки на комори, претставници на банкарскиот сектор и финансиски институции од Соединетите Американски држави и од Република Албанија. На состанокот присуствуваа и македонски фирми од областа на консултантски услуги, како и претстваници од банкарскиот сектор.

Од македонска страна, на состанокот беше презентирана моменталната состојба во македонското земјоделство, расположливите земјоделски површини,состојба со откупни центри и можност за купување на истите, број на добиток, проиозводство, стартешки гранки, начинот на финансиска поддршка во земјоделството, политиките на Владата за развој на овој сектор, како и можностите за инвестирање во областа на земјоделството во Република Македонија.

 

Државниот секретар Челику, посочи дека денешниот состанок е значаен бидејќи претставува потенцијална можност за долгорочна и соработка во спроведување на идните успешни проекти кои се од взаемен интерес.


Министерот Николовски во официјална посета на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин
Дата на објава: 
17 Јануари 2018
IMG_2834.jpg

Од денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, е во петдневна официјална посета на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“, во Берлин, Сојузна Република Германија. Се работи за саем со долга традиција од 1926 година, на кој што своите производи ги изложуваат фирми од целиот свет, поради што доаѓаат повеќе од  400.000 посетители. Целиот настан е во организација на Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, во рамки на кој што се одржува и Форум за храна и земјоделство.

Годинава на саемот ќе учествуваат околу 90 министри за земјоделство од целиот свет, еврокомесарот за земјоделство и рурален развој на Европската унија, Фил Хоган, но и директори на меѓународни институции како Светска банка, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, меѓународни организации за земјоделство и други.


Syndicate content