Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр
Дата на објава: 
8 Февруари 2018
ipard3.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, денеска во Охрид, присуствуваше на Работилницата за имплементација на ИПАРД Програмите, на која што присуствуваа првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri) и од Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG, како и директори и претставници на Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.

Оваа работилница се одржува во период кога сите предлози и забелешки се добредојдени за подобра реализација на ИПАРД Програмите. Работилницата е во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.


ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Дата на објава: 
7 Февруари 2018

Врз основа на член 21-а став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.02/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање (“Службен весник на Република Македонија“ бр.17/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

 

Јавен ОГЛАС бр.02/18

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање


I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 758ха 76ар 35м2 во следните региони во Република Македонија:

 


ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари
Дата на објава: 
7 Февруари 2018

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16), а по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија и донесена Одлука за давање на согласност на Јавен оглас бр.01/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари  (“Службен весник на Република Македонија“ бр.17/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува

 

 

Јавен ОГЛАС бр.01/18

 

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

 

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

 

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 843ха 73ар 53м2 и  тоа за следните региони во Република Македонија:


 

Целиот ЈАВЕН ОГЛАС, Образецот за учество на огласот, како и катастарските општини во кои се наоѓаат површините се во додатоците за превземање.


Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Средба Николовски- Травников: Ќе се активира работата на Меѓувладината македонско- руска комисија
Дата на објава: 
6 Февруари 2018
27785486_10156561646560628_1158728021_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Николовски, во рамки на официјалната посета на Москва, денеска имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников, на кој што беше разговарано за широк спектар на прашања, кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

На средбата присуствуваа амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Позитивно беше оценет растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, со оглед на фактот дека истиот има најголемо учество во вкупната вредност на извозот во Русија, а интересеот за македонските земјоделск-прехрамбени производи во Руската Федерација континуирано расте.


Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на брана и акумулација на река Слупчанска
Дата на објава: 
6 Февруари 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште на Ул. Аминта трети бр. 2 Скопје, достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на брана и акумулација на река Слупчанска, општина Липково.

Со проектот се предвидува изградба на каменонасипна брана со  висина од 55m со армирано-бетонски екран на река Слупчанска во општина Липково. Ширината на круната на браната ќе изнесува 8m.

Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Целиот Оглас се наоѓа во додатокот за превземање.


Syndicate content