Откупувачите на ориз мора да склучат договори со производителите
Дата на објава: 
6 Октомври 2010
Kocani Minister 004.jpg

Согласно новиот Закон за земјоделство и рурален развој, за да вршат откуп на ориз, компаниите треба да се пријават во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да склучат договори со индивидуалните производители. Ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  на членовите на Националниот совет за оризопроизводство, со кој оствари средба во Облешево, Кочанско.

 

- Реално е во годинашниот откуп  да се почитуваат берзанските цени.Трговците и откупувачите треба да понудат цена која нема да ги оштети земјоделците,  порача министерот Димовски.

 

Од насеаните 3.725 хектари со ориз во Македонија, годинава се очекува принос од околу  25 илјади тони арпа, односно околу 13 илјади тони бел ориз. Најголемиот дел од проиведеното, како и во минатите години се очекува да се извезе на странските пазари.

 


Водич за достигнување на принципите за добра земјоделска и хигиенска пракса на земјоделските стопанства
Дата на објава: 
6 Октомври 2010

Водичот за достигнување на принципите за добра земјоделска и хигиенска пракса на земјоделските стопанства  е изготвен  врз основа на член 78 став 3 од Законот за земјоделството и руралниот развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр 49/10). Целта на овој документ е подобрување на примената  на Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса (,,Службен весник на Република Македонија” бр 112/10) на  земјоделските стопанства од страна на земјоделските производители.

 

Документот ќе придонесе имплементација  на Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса односно  изготвување и реализирање на мерките утврдени со оските на заедничките политики на земјоделство и рурален  развој и поддршка на семејните земјоделски стопанства кои истата ќе ја применуваат, во однос на оние кои ќе работат поинаку  од препораките наведени  во кодекс за добра земјоделска и хигиенска пракса.

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Кодекс на добра земјоделска и хигиенска пракса
Дата на објава: 
6 Октомври 2010

Кодекс на добра земјоделска и хигиенска пракса се изработува врз основа на член 78 став 3 од Законот за земјоделството и руралниот развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр 49/10).

 

Со Кодексот на добра земјоделска и хигиенска пракса поблиску се пропишуваат начинот на спроведување на добрата земјоделска, односно хигиенска пракса. Со овој кодекс се дефинира извршување на земјоделски активности на оној начин кој овозможува добро управување на земјоделските површини земајќи ги во предвид климатските карактеристики на регионот, вклучувајќи ги и постоечките земјоделски системи, употреба на земјоделското земјиште, плодоред, земјоделски практики и структура на земјоделските стопанства.

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Реакција на агроанализа на А1 телевизија
Дата на објава: 
29 Септември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира на паушалните коментари и неиздржани предлози во последниот прилог, насловен како агроанализа, на на А1 телевизија..

Република Македонија е дел од глобалниот пазар и на непосреден начин ги чувствува последиците од вкупната криза и во винарскиот сектор.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија реагираа во целосното ослободување од сите административно-технички препреки за пласман на македонското вино уште кон крајот на минатата година, со единствена цел,на полесен начин виното да биде достапно на странските пазари.

Резултатот од тие мерки е намалувањето на залихата на вино која во тој период беше во огромни количини и се проценуваше од над 135 милиони литри.

Со тоа директно се влијаеше во ослободување на простор во кој би се сместило новопроизведеното вино од годинашната реколта.


Ќе се продлабочува соработката на Македонија со кинеската провинција Џиангсу
Дата на објава: 
29 Септември 2010

Во рамките на посетата на Народна Република Кина, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, м-р Перица Иваноски, ја посети и Провинцијата Џиангсу, каде учествуваше во церемонијата на отворањето на 12-от Меѓународен Агро-експо саем.

 

Во рамките на своето обраќање на отворањето на саемот, заменик министерот Иваноски ги истакна одличните политички односи меѓу двете земји и додаде дека тие треба да бидат следени со поинтензивна економска соработка во делот на увозот и извозот на македонски производи на кинескиот пазар, особено виното и преработките од овошје и од зеленчук. Заменик министерот ја истакна и важноста за привлекување на кинеските инвеститори во македонскиот земјоделско-прехранбен сектор.

 


Syndicate content