Промовирани два проекта од инструментот ИПА за надградба и конкурентност на земјоделскиот сектор
Дата на објава: 
12 Октомври 2010
2010-10-12_11-34-19_603_Skopje.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евроамбасадорот Ерван Фуере го промовираа официјалниот почеток на двата проекта од инструментот за претпристапна помош - ИПА 2008, чија цел е институционална надградба на секторот според ЕУ-стандардите и јакнење на неговата конкурентност.

 

Станува збор за проектите „Усвојување и спроведување на европското законодавство во насока на заедничката земјоделска политика, посебно во делот на уредувањето на заедничките пазари за земјоделски производи“ и „Дизајнирање на функционален интегриран систем за администрирање, контрола и потребниот институционален капацитет“.

 


Министерот Димовски присуствуваше на манифестацијата "Денови на кочанскиот ориз 2010"
Дата на објава: 
10 Октомври 2010
Kocani Minister velika 007.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, присуствуваше на зажнејувањето на оризот на традиционален начин, која во кочанското село Грдовци се одржа како централен дел од манифестацијата ,,Денови на кочанскиот ориз,,.

 

Според него, оваа манифестација е одлична можност за туристичка презентација на овој крај, во регионот и во Европа. Во прв ред, додаде тој, станува збор за добра можност за развој на руралниот туризам. Потврда за ова, како што истакна министерот Димовски се големиот број домашни посетители и гостите од  соседните земји и од Русија

 

Тој ги разгледа изложбите на традиционални земјоделски алатки и машини, на домашни ракотворби, како и на традиционални јадења од ориз.

 

Во рамки на манифестацијата ,,Денови на кочанскиот ориз 2010,, која се одржа по 19 пат, беше прогласен и најдобриот земјоделец во Кочанско за годинава, на кого Општина Кочани му додели награда приклучна земјоделска машина.


Министерот Димовски ја посети винарницата ,,Визба,,од Валандово
Дата на објава: 
7 Октомври 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја посети винарската визба ,,Визба,, од Валандово. Целта на посетата беше согледување на состојбата на терен во делот на функционирањето на кооперантските односи, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.

 

- Винарската ,,Визба,, од Валандово е одличен пример за тоа како функционираат кооперантските односи во лозаро-винарскиот сектор. Ваквата организациона поставеност треба да биде модел по кој ќе се организираат и другите производители и откупувачи  на грозје во земјава рече мисистерот Димовски на средбата со менаџерскиот тим и кооперантите на оваа винарска визба.

 

Вита Хузјан, менаџер на ,,Визба,, Валандово информира дека оваа винарија во најголемиот дел завршила со откуп на грозјето од годинашната реколта. За седум години според нејзината оценка направиле солидна база на кооперанти со кои работат.

 


БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС
Дата на објава: 
8 Октомври 2010

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС
БР. 26-9104/2/2010
ЕКСТРА ЛЕСНО ГОРИВО ЗА ГРЕЕЊЕ (ЕЛ-1)

НАПОМЕНА: Се известуваат економските оператори кои што ќе подигнат тендерска документација од веб страната на МЗШВ дека по превземањето на истата треба да испратат потврда зa превземањето на следната адреса:

goran.dimoski@mzsv.gov.mk

Додаток за превземање: 

Наскоро ќе почне изградбата на агроберзата во Струмица
Дата на објава: 
6 Октомври 2010

Владата на Република Македонија и општина Струмица ги завршија сите подготовки за изградба на агроберзата, проект вреден над 83 милиони денари зад кој стои хрватската компанија „Агрокор“.

 

- Сите административно-технички подготовки се успешно завршени и сега сме во финална фаза, избор на изведувач на градежните работи. Наскоро очекуваме инвеститорот да ги преземе сите потребни активности за почеток на изградбата, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопансво Перица Иваноски кој денеска со претставници на „Агрокор“  ја посети локацијата на која ќе се гради откупно-дистрибутивниот центар.


Syndicate content