Соопштение
Дата на објава: 
2 Ноември 2010

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Законот за семенски и саден материјал на земјоделски растенија донесе два подзаконски акта (Правилници) кои се усогласени со ЕУ директивите како и од Законот за селекционерски права ги донесе следниве подзаконски акти (Правилници)

  1. Правилник за постапките и методите за испитување на различност, еднообразност и стабилност на сортата(DUS- тест) кај земјоделските растенија. (Службен весник на Република Македонија бр. 110/10) во согласност со техничките упатства и барањата на Меѓународната Конвенција за заштита на нови сорти(UPOV- конвенцијата)
  2. Правилник за формата и содржината на барањето за продолжување на запишувањето на сортата во националната сортна листа, како и начинот  и постапката за продолжување на запишувањето. (Службен весник на Република Македонија бр. 137/10)

Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 08/10
Дата на објава: 
1 Ноември 2010

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 08/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

  1. I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:М.Брод, Виница,  Гевгелија, Гостивар, Делчево, Дебар, Д. Хисар, Кочани, Кичево, Куманово, Крушево, Кратово,  Неготино, Охрид, Пробиштип, Ресен и Чаир за вкупна површина од 5374ха 38ар 24м2

Додаток за превземање: 

Соопштение за пријавувањето за полагање испит за добивање на лиценца за проценител на тутун

Рокот за пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун се продолжува до 05.11.2010 година.

 

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

 

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун  или

 

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

-високо образование со две години работен стаж

-вишо образование со три години работен стаж или


Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски во работна посета на Полска и Холандија
Дата на објава: 
22 Октомври 2010

Во рамките на посетата на заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на Полска и на Холандија која беше реализирана оваа недела, беа остварени поголем број разговори со претставниците на министерството за земјоделство и рурален развој и Агро-економскиот Институт на Република Полска поврзани со евроитегративниот процес. Во рамките на работните средби во министерството, беа отворени поголем број прашања поврзани со искуството на Р. Полска во процесот на пристапување кон ЕУ, како и искуствата со политиките за надминување на структурните недостатоци како што се консолидација на земјоделското земјиште, науката и истражувањето во земјоделската област, и здружување на земјоделските производители во задруги и кооперативи. Покрај ова, на средбата во министерството беше дискутирано и за претстојното претседателството на Р. Полска со ЕУ, односно можноста за политичка поддршка на Р. Полска за евро-интегративниот процес на РМ во текот на претседателството со ЕУ.На средбата во економскиот институт беа дискутирани прашања во врска со финализацијата на воспоставувањето на Мрежата за воспоставување на сметководствени податоци на ниво на фарма (ФАДН), кој во РМ успешно се реализира со техничка поддршка од овој институт.


Акумулацијата Козјак порибена со 100 килограми пастрмка
Дата на објава: 
20 Октомври 2010
100_3985.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски учествуваше на порибувањето на акумулацијата Козјак со 100 килограми подмладок од автохтоната пастрмка „поточарка“.

 

Порибувањето, второ во текот на оваа година, го изврши јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ кое е концесионер на акумулацијата Козјак.

 

- Паралелно со порибувањето на водите од страна на концесионерите,  Министерството за земјоделство, во соработка со Институтот за сточарство и Хидробиолошкиот завод од Охрид, ги порибува риболовните води кои не се дадени под концесија. Според годишниот план, досега е извршено порибување со пастрмка на реката Вардар и нејзините притоки во гостиварскиот, тетовскиот и во скопскиот дел, а од вештачките езера  порибени се акумулациите Липково, Глажња, Калиманци и Лисиче – изјави министерот Димовски.

 


Syndicate content