Министерот Димовски го отвори ,,АГРОФУД 2010,,
Дата на објава: 
9 Ноември 2010
Otvaramje na Agro ekspo 010.jpg

Владината стратегија за развој на аграрот до 2013 година се остварува. Поддржувањето на конкурентните земјоделски производи и субвенционирањето на културите кои имаат потенцијал за поголемо производство, веќе ги даваат ефектите, повисока продукција, подобар квалитет, зголемен извоз, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во денешното обраќање по повод официјалното отворање на јубилејниот 60-ти Меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2010“.

 

Според него, светските текови во агросекторот изминативе години беа доволно јасен сигнал дека Македонија мора да го модернизира производството и да ги зголеми приносите.

 


Нема доцнење во исплатата на субвенциите
Дата на објава: 
5 Ноември 2010

Исплатата на субвенциите се одвива според предвидената динамика и на тој план немаме проблеми. Во делот на директната финансиска поддршка на земјоделството и преку Програмата за рурален развој досега се исплатени приближно 45 милиони евра, што е скоро половина од планираните средства за оваа година. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, целосно е завршена исплатата на произведеното и продадено кравјо млеко за последниот квартал од 2009 година и за периодот до април годинава, а во завршна фаза е и исплатата на субвенциите за производителите на јаболко.

 

Наскоро, додава тој, ќе почне исплатата за лозарите и за преостанатиот дел овоштари, како и за градинарското производство.


Министерот Димовски одржа работен состанок со производителите и преработувачите на овошје и зеленчук
Дата на објава: 
5 Ноември 2010
DSC01439.JPG

Подобрување на комуникацијата и координацијата меѓу земјоделските производители и преработувачи за да се заштити секторот од нелојалната конкуренција која прави сериозни проблеми во откупот на овошјето и зеленчукот за преработка. Ова е пораката која вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски им ја пренесе на земјоделските производители и на преработувачите, членки на Македонската асоцијација на преработувачи, на заедничкиот состанок кој се одржа во Струмица.

 

-Радува фактот дека годинава можеме да се пофалиме со позитивни резултати и во делот на градинарското производство. Финансиската поддршка и соработката на примарните производители, трговците и преработувачите, оваа година резултира со зголемено производство, на некои за државава стратешки земјоделски култури за двасеттина проценти и раст на извозот за дури 40 насто – рече министерот Димовски.

 


Промовиран почетокот на втората фаза од проектот ,,Агроенергија,,
Дата на објава: 
3 Ноември 2010
Ce Pro SARD 022.jpg

Македонските фармери да ги користат обновливите извори енергија во земјоделството и руралните средини зошто тие освен заштита на животната средина значат и намалување на производните трошоци. Ова е основата на која се темели втората фаза од проектот „Агроенергија“ што официјално почна да се реализира и ќе трае до декември 2012 година.

- Искористувањето на обновливите извори енергија во руралните средини се темели на користење енергија од земјоделството во земјоделството. Тоа директно влијае врз заштитата на животната средина и врз намалување на негативното влијание од користењето на фосилни горива. Ова е една од значајните мерки за прилагодување кон глобалните климатски промени, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
3 Ноември 2010

Ј а в е н О Г Л А С       бр. 09/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за регионот Радовиш за површина од 35ха 68ар 39м2

Додаток за превземање: 

Syndicate content