Новости

Средба Николовски- Травников: Ќе се активира работата на Меѓувладината македонско- руска комисија
Дата на објава: 
6 Февруари 2018
27785486_10156561646560628_1158728021_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Николовски, во рамки на официјалната посета на Москва, денеска имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников, на кој што беше разговарано за широк спектар на прашања, кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

На средбата присуствуваа амбасадорот на Република Македонија во Русија Гоце Карајанов, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и директорот на Македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев.

Позитивно беше оценет растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, со оглед на фактот дека истиот има најголемо учество во вкупната вредност на извозот во Русија, а интересеот за македонските земјоделск-прехрамбени производи во Руската Федерација континуирано расте.


Николовски:Унапредувањето на трговската и економската размена со Русија е од заеднички интерес за двете земји
Дата на објава: 
5 Февруари 2018
27785564_10156558799310628_1952160707_o.jpg

Во рамки на официјалната тридневна посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачов.

На средбата беше потенцирана потребата од унапредување на економската и трговската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, што е од заеднички интерес за двете земји.Министерот Николовски, посочи дека Владата на Република Македонија, ќе ја продолжи поддршката на македонските компании за промоција на нашите земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар, преку поддршка за нивен настап на најголемите саеми во Москва, како што е актуелниот „Продекспо“ и „Светот на храната“. Министерот Ткачов, порача, Македонија да продолжи со промоција и збогатување на асортиманот со нови македонски производи, за кои има интерес на пазарот во Русија.


Министерот Николовски од денеска во тридневна официјална посета на Москва
Дата на објава: 
4 Февруари 2018
20748395_2021537198067809_5305344019497332152_o.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како ко- претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација, од денеска е во тридневна официјална посета на Москва, Русија.

Во рамки на посетата, министерот Николовски ќе присуствува на свеченото отворање на саемот за широка потрошувачка, „Продекспо2018“, на кој своите производи ќе ги претстават дел од македонските компании, а чии што настап на саемот, е во организација на Македонско-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Исплатени 324 милиони денари за субвенции за лозовни насади
Дата на објава: 
2 Февруари 2018
jpg

Денеска се исплатија 324 милиони денари за субвенции за одржување на лозови насади. Налозите кои што денеска Платежната агенција ги изработи беа доставени до Министерството за финансии, по што следуваше исплатата на субвенциите.Оваа сума лозарите ја добиваат во пресерет на закројувањата на лозјата, на почеток на новата производствена сезона, кога им се најпотребни финансиски средства.

Од Платежната агенција информираат, дека со носењето на Програмите за земјоделство и рурален развој за 2018 година и вчитување на новиот буџет, продолжува континуираната исплата на субвенциите за останатите мерки од Програмите за земјоделство и рурален развој за 2017 година, кои се исплаќаат во две буџетски години.


Министерот Николовски во работна посета на општина Штип
Дата на објава: 
1 Февруари 2018
27459882_2098533003701561_3295944809706670879.jpg

До крајот на мај ќе бидат објавени голем број огласи за давање земјоделско земјиште под закуп, а во интерес на земјоделците и целокупната агро индустрија, најави министерот  за земјоделството, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при неговата денешна работна посета на општина Штип.

Под закуп на земјоделците се планира да им биде дадено и земјиштето кое беше наменето за изградба на карго аеродромот во атарите на општините Свети Николе и Штип.

- Во делот на земјиштето кое што е опфатено таму ќе биде потребно Владата да донесе соодветни одлуки. Ние ќе бидеме и сме во комуникација со министерот за транспорт и врски, бидејќи тоа земјиште е целосно експроприрано земјиште, во сопственост на државата. Потребата и намената беше сосема друга и ние би сакале да го ставиме во функција целокупното земјоделско земјиште и во тој правец ќе оди оваа политика, изјави Николовски.


Syndicate content