ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ
Дата на објава: 
18 Ноември 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство иницира постапка за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште(“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07), при што изготви и го објавува  на јавен увид текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на закон за земјоделско земјиште, по кој посетителите на интернет страницата на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можат да ги доставуваат своите мислења и коментари на електронска пошта до одговорното лице за контакт: Ѓорѓе Дисленковиќ, e-mail: george.dislenkovic@mzsv.gov.mk


ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗОПОД
Дата на објава: 
18 Ноември 2010

Во организација на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска се одржа јавна расправа  по новиот текст на ,,Заедничката основна програма за одгледување на добиток,,.

Оваа програма претставува генерална рамка за одгледување на добитокот во однос на генетското унапредување, низ одгледувачки програми со соодветна зоотехничка ширина и економска компетитивност, а заради нивна одржливост во рамките на заедничката земјоделска политика на ЕУ и пошироко.

Со овој документ по видови на домашни животни се оценуваат и препорачуваат оптималните големини на основните популации на приплодни грла, структурата на националните пирамиди, правците на селекција и облагородување, основните одгледувачки цели, одгледувачките шеми и генотипови, зоотехничките зафати и документација, обемот и начинот на водење на фармската евиденција и потребните бази на податоци.

 

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Заменик министерот Иваноски ја посети рестартираната Прилепска млекарница
Дата на објава: 
17 Ноември 2010
Zamenik Prilep 005.jpg

Стабилни субвенции од 2,5 денари за литар млеко, финансиска поддршка и за преработувачите, можност да се користат средствата од ИПАРД Програмата. Ова се дел од основите на кои почива млечниот бизниз во Република Македонија, сектор кој станува се посигурен и поинтересен за инвестирање од домашните ,но пред се од странските компании. Ова е заклучокот од посетата на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на прилепската млекарница која пред неколку месеци ја рестартира македонско-бугарската компанија „Сирма-Пелистер”.
-Индустријата за преработка на млеко има големи можности за развој. Битно е што ова е странска инвестиција. Млекарницата работи, откупува млеко. Уште поважно е што менаџерскиот тим има развојни планови кои наскоро ќе ги реализира, рече заменик - министерот Иваноски.


Македонската месна индустрија се поконкурентна во регионот
Дата на објава: 
16 Ноември 2010
100_4291.JPG

Македонската месна индустрија станува се поконкурентна во регионот,таков е случајот со „Мега“ чиј производен капацитет денеска го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.Високиот квалитет што го нуди оваа месна индустрија претставува сериозна конкуренција за производителите во регионот и поради тоа се соочува со бариери. Ние веќе ја информиравме Владата за овој проблем и во соработка со Министерството за економија ќе се обидеме што поскоро да го решиме, изјави Димовски откако со сопственикот Зоран Ранѓеловиќ го разгледа производниот капацитет.

 

Министерот смета дека квалитетот, сепак, е тој што треба да биде пресуден дали некој производ ќе се купува или не.Македонија иако увезува месни преработки, може сама да произведува и да ги задоволи потребите на домашниот пазар.

 


Соопштение
Дата на објава: 
14 Ноември 2010

Вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска  посетија неколку винарски визби во тиквешикиот регион.

Целта на посетата е од менаџерските тимови да се информираат за моменталната состојба во винарските визби,за откупените количества на винско грозје и пласман на виното на странскиот пазар.

Во винарската визба Повардарие од Неготино и Винеа од Росоман вицепремиерот Пешевски и министерот Димовски беа информирани дека пласманот на виното на странскиот пазар има позитивен тренд и се повеќе се извезува во Чешка,Полска и во Романија.

Мерките на Владата за субвенционирање на винарските визби за стимулирање на откупот на винското грозје според винарските визби даваат ефект, не само во пласманот на виното туку и за исплата на откупеното грозје.


Syndicate content