Соопштение
Дата на објава: 
30 Ноември 2010
Javna rasprava Zopod 013.jpg

Решавање на проблемот со оранжериите и нивно препознавање од страна на Државниот катастер, издавањето на дозволите за градба на земјоделски капацитети,олеснување на постапктите за распределба на државно земјоделско земјиште и понатамошно раситнување на земјоделското земјиште,се главно целите на Предлог законот за изменување и дополнување на Закон за земјоделско земјиште истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на Јавната расправа по текстот на Предлог Законот.

 

На јавната расправа покрај претставниците на државните институции кои имаат надлежности во делот на предложените измени и дополнувања на законот беа поканети и претставници од Заедницата на едниците на локалната самоуправа, Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Федерацијата на фармери на Македонија, Сојузот на земјоделци на Македонија и Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

 


Заклучоци од четвртиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство на земјите од Југоисточна Европа
Дата на објава: 
27 Ноември 2010

Итен напредок во реформите на полето на земјоделството и руралниот развој во земјите од југо-источна Европа,имплементација на соодветни политики за земјоделство и рурален развој на Европската Унија, интензивирање на регионалната соработка, трговскиот и економскиот развој и улогата на донаторската заедница, мора да се интегрираат во процесот на развој на земјоделството и руралниот развој во земјите од југо-источна Европа.Ова се дел од заклучоците  на четвртиот состанок на министрите за земјоделство кој на 23 и 24 ноември се одржа во Загреб,Република Хрватска.

 

На состанокот организиран од Министерството за земјоделство, рибарство и рурален развој на Хрватска и Постојаната работна група (SWG) за регионален рурален развој на југо-источна Европа беше заклучено дека се неминовни реформи во политиката за земјоделство и рурален развој и нивно прилагоидување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 


Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 10/10
Дата на објава: 
26 Ноември 2010

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 10/10

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите: Берово, Битола, Валандово, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Прилеп, Радовиш Свети Николе, Струга, Струмица, Штип, Гази Баба, и Кисела Вода за вкупна површина од 6973ха 89ар 71м2

Додаток за превземање: 

Министерот Димовски учествува на четвртиот Годишен состанок на министри за земјоделство на југоисточна Европа во Загреб
Дата на објава: 
23 Ноември 2010
2010-11-23_12-47-24_245_City of Zagreb.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска учествуваше на отворањето на четвртиот Годишен работен состанок на министрите за земјоделство на земјите од Југоисточна Европа кој ќе се одржи денес и утре во Загреб, Република Хрватска. Состанокот го отвори хрватскиот министер за земјоделство, рибарство и рурален развој на Република Хрватска и хрватсакиот премиер Јадранка Косор.  
Во своето обраќање министерот Димовски истакна дека земјите од југо-источна Европа  поминуваат низ еден од најкомплексните процеси на ова време, интеграцијата во Европската унија.


,,Ден на дрвото,,
Дата на објава: 
19 Ноември 2010
100_4340.JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска на местото викано ,, Горен,, во Кратово учествуваше на шестата акција за пошумување „Ден нa дрвото“ во која беа засадени седум милиони дрвца низ цела Македонија.

-Ова е голема граѓанска иницијатива подржана од Владата на Република Македонија со која сакаме да ја подигнеме колективната свест за зачувување и негување на шумското богатство. Како и во претходните акции очекувам голема излезност. Досега  беа засадени повеќе од 20 милиони садници. Ефектите, гледано по бројки се големи, а тоа го  потврдуваат и експертите по шумарство. За минатата година процентот на прифатеност изнесува околу 68,8 отсто - рече министерот Димовски.

Мотото на шестата по ред акција е  „Садиме заедно за нас


Syndicate content