Успешно се реализира ИПАРД Програмата, оцени седмиот Мониторинг комитет
Дата на објава: 
16 Декември 2010

,,Солидни се првите резултати од аплицирањето за ИПАРД во Македонија. Спроведувањето на европската претпристапна програма генерално е на добар пат, но за нејзино поуспешно реализирање треба да се вклучат сите засегнати страни,,. Ова е пораката која денеска ја упатија претставниците од Европската комисија од седмиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД.

 

Спроведувањето на ИПАРД, истакнаа тие, ќе покаже колку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е способна да менаџира со европските фондови и да го придвижи македонското земјоделство кон европските политики и стандарди.


По 35-ти пат „Факултет-стопанство“ на Факултетот за земјоделски науки и храна
Дата на објава: 
16 Декември 2010
16.12 BORCE 10.avi.Still003.jpg

Земјоделскиот сектор во Македонија успешно се соочи со последиците од светската економска криза. Како резултат на неколкугодишната активна буџетска поддршка, поголеми потреси немаше, а со донесувањето интервентни мерки Владата успеа да ги заштити производителите и да ги стабилизира пазарите, рече ресорниот министер Љупчо Димовски во обраќањето на традиционалната манифестација „Факултет-стопанство“ што денеска, по 35-ти пат, ја одбележува Факултетот за земјоделски науки и храна.

 

- Многукратното зголемување на субвенциите  во изминативе четири години кое достигна 100 милиони евра и правилно креираната политика за развој на аграрот беа основа за генерално стабилизирање на секторот. Успешно ги надминавме сите кризни периоди, во овоштарството, поледелството и во сточарскиот сектор, напомена Димовски.

 

Од годинашните 100 милиони евра субвенции за земјоделството досега се исплатени преку 66 проценти, додека од поддршката за рурален развој, 10 милиони евра, се реализирани 72 отсто, најголем дел за обновување на земјоделската механизација.

 


Министерот Димовски го означи почетокот на откупот на тутунот
Дата на објава: 
13 Декември 2010

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во придружба на својот домаќин Игит Тунџел, генерален директор на „Сокотаб“ - Битола, го означи официјалниот почеток на откупот на тутунот од годинешната реколта.

Ресорното Министерство очекува откуп на поквалитетен тутун од лани, но помало производство поради неповолните временски услови.

 

- Откупот го почнуваме два дена порано од законската обврска. Очекуваме тутун со повисок квалитет од лани. Изјави министерот Димовски при посетата на „Сокотаб“.

Откупот на тутунот на сите пунктови во државата го вршат комисии во кои задолжително има претставници од здруженијата на тутунопроизводители.


Министерот Димовски ја промовира национална ознака за органски производ
Дата на објава: 
12 Декември 2010
nacionalna oznaka za organski proizvod.jpg

,,Стилизирано сонце со фиданка е новата национална ознака за органски производ. Таа е гаранција дека производот е сертифициран во согласност со одредени стандарди и на него се извршени сите неопходни контроли. Ознаката е непосредна информирација за органското потекло и квалитетот на производот,, Ова го истакна миниатсрот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на промоцијата на македонската ознака  за органски производ.

Како што рече тој, симболот е избран од страна на сите вклучени во системот на производство на органската храна и од граѓаните на Република Македонија. ,,Пет предлог идејни решенија беа ставени на веб страната на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанств. Во текот на мај и јуни се гласаше за избор на новата национална ознака за органски производ, а предлог идејното решение кое доби најмногу гласови од граѓаните, беше пропишано во Правилник,, додаде министерот Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
8 Декември 2010
100_4369.JPG

Mинистерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја отвори регионалната работилница на тема ,,Маркетинг на производи од дрво,, што се одржува во Маврово.На работилницата учествуваат претставниците на  Централната Европска Иницијатива, Канцеларијата за шумарство и дрво на UNECE и FAO, Австриското Министерство за надворешни работи како и на Регионалната канцеларија на FAO за Централна и Источна Европа.

 


Syndicate content