Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги зајакна контролите при откупот на тутунот
Дата на објава: 
5 Јануари 2011

Во насока на гарантирање на целосна примена на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи, покрај континуираниот и засилен инспекциски надзор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство превзема дополнителни мерки за засилен мониторинг на откупот на тутун. За таа цел покрај активните 40 инспектори на Државниот инспекторат за земјоделство, ангажирани се дополнителни 60 вработени од подрачните единици на министерството и советници од Агенцијата за потикнување и развој во земјоделството, кои почнувајќи од денеска ќе бидат присутни на откупните пунктови.

 

Зависно од потребата на откупниот пункт, дополнителните контролори повремено или постојано ќе ја следат состојбата со откупот на тутун, особено во делот на исполнетост на условите за откупниот пункт и правичната проценка на квалитетот на тутунот.

 


Министерот Димовски во посета на новата Агенција за храна и ветеринарство
Дата на објава: 
4 Јануари 2011
Agencija za hrana i veterinarstvo.jpg

Од 1 јануари 2011 година почна со работа Агенцијата за храна и ветеринарство која ги обединува ингеренциите во оваа област што досега ги делеа Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство.

 

- Ова тело комплетно ќе ја врши контролата на целокупната храна во Македонија со исклучок на примарното земјоделско производство, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој денеска имаше средба со директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски.

Вакви тела има во повеќе европски земји кои по површина или по популација се како Република Македонија. - Одлуката е донесена по препорака на Европската унија и почитувајќи ги насоките ние безрезервно го поддржавме осамостојувањето на оваа Агенција бидејќи сметаме дека на сите, граѓаните и компаниите, тоа ќе им биде од корист, изјави Димовски.

 

Директорот на Агенцијата Рунтевски изјави дека се работи за голема и значајна реформа во делот на контролата на храната.


НА ЈАВНА РАСПРАВА РАЗГЛЕДАНИ ПРЕДЛОГ ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Дата на објава: 
30 Декември 2010
Zamenik programa prezentacija 004.jpg

Предлозите на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2011 година денеска беа разгледани на јавна расправа на која учествуваа сите релевантни чинители од агро прехранбениот сектор Стопанските комори, земјоделските здруженија и науката.

 

За 2011 година според проeкциите се предвидуваат дополнителни 15 милиони евра поддршка за земјоделството, односно вкупно 115 милиони евра.

 


Од понеделник ќе се засилат контролите на откупните пунктови
Дата на објава: 
25 Декември 2010

,,Од пријавенте 212  пункта за откуп на тутун од страна на 8 откупни компании, заклучно со  24.12. 2010 година отворени се  само 84, иако законска обврска да се почне со откуп истече на 15 декември. Најголем интензитет на откупот се очекува по Божиќните презници,кога традиционално тутунарите масаовно го предаваат родот,,. Ова го соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната прес конференција, осврнувајќи се на моменталната состојба со откупот на тутунот.

 


Профункционира договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
17 Декември 2010

Законот за земјоделство и рурален развој кој годинава стапи на сила е сигурна основа за регулирање на пазарот и функционирање на договорното производство во правни рамки. Новото законско решение, со дефинираните одредби е моделот кој треба да стави крај на дивиот откуп, нелојалната конкуренција и сивата економија во земјоделскиот сектор од која последиците се чувствуваат во примарното земјоделско производство и во преработувачкиот сектор.  Како што беше истакнато на работилницата ,,Проценка на влијанието на новата законска регулатива врз откупот на земјоделски производи и договорното производство кај учесниците во вредностните синџири поддржани од АгБиз,, која денеска се одржа во Министерството за земјоделство, годинава, зголемен е бројот на склучени договори за откуп на земјоделски производи во споредба со лани, бидејќи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, тоа од оваа година е и законска обврска, за производителите и за откупувачите.

 

Додаток за превземање: 

Syndicate content