Министерот Димовски учествуваше на презентација на македонските вина во Шведска
Дата на објава:
27 Јануари 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во рамки на кампањата за промоција на македонски вина во Шведска, денеска во Стокхолм, оствари работна средба со министерот за рурални работи на Шведска Ескил Ерландсон и со првите луѓе на Шведската развојна Агенција- СИДА.
На шведскиот министер Ерландсон, министерот Димовски му го презентира проектот на Владата на Република Македонија за изградба на откупно дистрибутивни центри за овошје и зеленчук како можност за инвестирање на шведските бизнисмени во Македонија. Тој го информира неговиот шведски колега за состојбите во македонското земјоделство и го покани да учествува на министерскиот состанок кој во ноември годинава ќе се одржи во Скопје.
Кампањата за презентација на македонските вина во Шведска, е организирана од страна на македонската амбасада во Шведска, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Аг Биз програмата и стопанските комори.