Во Долненско тутунот се откупува под полна пареа
Дата на објава: 
11 Февруари 2011
Minister 11.02.2011 003.jpg

,,Експресно е надминат проблемот со слабата динамика во откупот на тутунот во Долненско по денешниот почеток со работа на дополнителните  6-7 ваги на битолски ,,Соко таб,, и ,,Струмица табак,, и тоа на критичните места во овој регион, каде беше слаба динамиката на откуп,,. Ваква оценка на моменталната состојба со откупот на тутунот даде Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженија на тутунпроизводители по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Според Милески, проблемот експресно се решил, бидејќи дополнителните ваги почнале со работа порано од највеното, односно место во понеделник, профункционирале уште  во текот на денешниот ден. ,,Најактивни на теренот се прилепскиот Тутунски комбинат и ,,Алијанса уан,,. Со вака забрзана динамика, според наша проценка, откупот без проблеми ќе се реализира во законскиот рок  до 15 март,, - истакна Милески.


Ќе се зголеми бројот на откупните ваги во Прилепско-Долненскиот регион
Дата на објава: 
10 Февруари 2011

Откупните компании од утре ќе ги зголемат бројот на вагите на откупните пунктови  во Прилепско, особено во Долненскиот регион, со цел да се интензивира прифаќањето на тутунот од реколтата 2010. На откупните пунктови во Прилепско-Долненскиот регион ќе бидат донесени и проценителите од откупните компании и тоа од регионите каде откупот завршил или е во завршна фаза. Ова се дел од активностите на компаниите за откуп на тутун кои се преземаат во координација со Министерството за земјоделатво, шумарство и водостопанство со цел да се интензивира откупот и истиот да заврши во законски предвидениот рок-15 март.

 

На откупните пунктови во Прилепскиот и Долненскиот регион од утре ќе се пренесат  техничките средства (ваги, влагометри и сл) од оние откупни пунктови во источниот дел од земјава каде откупот заврши, или каде е намалена динамиката на предавање на тутунот.

 


Договорено интензивирање на соработката меѓу Министeрството за земјоделство и Федерацијата на фармерите
Дата на објава: 
9 Февруари 2011
100_4576.jpg

Интензивирање на соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Федерацијата на фармерите во Република Македонија, преку организирање на теренски работилници и учество во работните тела на Министерството за земјоделство при креирањето на законските и подзаконските акти. Ова е  заклучокот од денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Федерацијата  на фармерите Андрија Секуловски.

 


Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011

Средствата за финансика поддшка во земјоделството за 2011 година во вкупен износ од 6.233.500.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Македонија за 2011 година (Службен весник на Република Македонија бр.161/10) раздел 14004 програма 2 потпрограма 20 ставка 463 разни трансфери ќе се користат според следните мерки...


Предлог измени на Закон за земјоделско земјиште во функција на рационално користење на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
8 Февруари 2011
Pres Minister zakon za zemjodelsko zemjiste 08.02.2011 004.jpg

Со досегашна примена на Законот за земјоделско земјиште, донесен во 2007 год., се наметна потребата од дорегулирање на одредени прашања со цел да се постигнат посакуваните ефекти и во целост да се остварат целите на политиката на Владата на Република Македонија во земјоделството истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство.Измените  се однесуваат на:

  • Засилување на напорите за спречување на уситнувањето на земјоделските парцели преку воведување на нови мерки за таа цел;
  • Воведување на нови правила и нови постапки за распределба на земјоделското земјиште што би овозможило флексибилност во тој процес, а сè во функција на порационално искористување на земјоделското земјиште во државна сопственост;
  • На зајакнувањето на  правната сигурност на закупците на државно земјоделско земјиште;
  • На зголемувањето на одговорноста при користењето на истото.

Исто така се појави потреба од:


Syndicate content