Промовиран Прирачникот за формирање и работа на земјоделски задруги
Дата на објава: 
3 Март 2011
zamenik priracnik za zadrugarstvo 006.jpg

Економското здружување на земјоделците е единствен начин за брзо концентрирање на понудата во поголеми количини со усогласен квалитет и зголемување на преговарачката моќ за постигнување подобри цени. Здружени во кооперативи, земјоделците полесно можат да реализираат покрупни инвестиции и да обезбедат самостоен настап на пазарот, без претходно да ги продаваат производите на откупувачите или трговците, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на промоцијата на Прирачникот за формирање и работа на земјоделски задруги во Република Македонија.


Демант на денешниот прилогот на A1 под наслов ,,Земјата се дели по мерка на власта,,
Дата на објава: 
3 Март 2011

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остро демантира дека земјата се дели по мерка на власта.

Согласно Законот за земјоделско земјиште (Сл. весник на РМ бр. 135/07) изборот е правен  врз основа на најдобрата  понуда, а не по мерка на власта.

На огласот во село Трновци битолско беше распределени 20ха на 2 апликанти кои дадоа најдобра понуда,но поради барањето на месната заедница и на селаните, оваа површина да остане како пасиште за нивниот добиток, министерството не беше во можност да ги воведе во владение.


Демант на прилогот на А1 телевизија под наслов ,,Проблеми со државната земја,,
Дата на објава: 
2 Март 2011

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остро демантира дека луѓе блиски на власта  го држат цело државно земјоделско земјиште во атарот на с. Десово .

 

Согласно Законот за земјоделско земјиште (Сл. весник на РМ бр. 135/07) изборот е правен  врз основа на најдобрата  понуда, а не во зависност од партиската припадност или блискост со власта. На огласот во с.Десово беше распределен 41ха на 5 апликанти кои дадоа најдобра понуда.

 

Земјоделско земјиште во државна сопственост несмее да се дава во подзакуп, а земјоделциоте ги охрабуваме ваквите случаии, кога некои им нуди во подзакуп земјоделско земјиште во државна сопственост, веднаш да го пријават во Државниот инспекторат за земјоделство.Воедно ги потсетуваме сите оние кои што им плаќаат на закупувачите дека тоа е спротивно на законот и казниво според постојната законската регулатива и ја охрабруваат како што тие ја нарекуваат “мафија“ да продолжи со таквите незаконски дејствија.

 


Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011 година
Дата на објава: 
2 Март 2011

(1) Средствата за реализација на финансиска поддршка на руралниот развој за 2011 година во износ од 657.000.000,00 денари, се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија за 2011 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 161/2010) согласно раздел 14004 - Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст Агенцијата), Програма 2 – Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Под-програма 2А-Финансиска поддршка на рурален развој, Категорија 48 – Капитални расходи, Ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации.
(2) Дел од средствата од став (1) на овој дел во износ од 564.700.000,00 денари се наменети за реализација на следниве мерки на политиката за рурален развој:


Соопштение
Дата на објава: 
2 Март 2011

Поврзано со искажаните ставови пред извесно време на електронски и печатен медиум, Министерството за земјоделство реагира на паушалните изјави и констатации, кои всушност му наштетуваат на целиот процес со користење на земјоделското земјиште, создавајќи искривена претстава со што се доведува во заблуда пошироката јавност, а воедно создава можност извлекување на поединечна корист.

Апсолутна невистина е дека во Република Македонија има преку 260.000 хектари обработливо замјоделско земјиште од кое 190.000 хектари е необработено, кое истовремено не е доделено под закуп и за истото известуваме дека:

Вкупната површина на  обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија изнесува 650.000 хектари од кое 2/3 е во приватна сопственост, а 1/3 во државна сопственост кое изнесува околу 215.000 хектари.

Министерството за земјоделство до овој момент по различни основи има склучено вкупно 4360 договори за закуп за површина од 145.000 хектари.


Syndicate content