Финансиска поддршка за растително производство за 2011год
Дата на објава: 
14 Март 2011

По 8.500 денари за хектар ќе добијат земјоделците за производство на житните култури за најмалку 3 декари од секоја култура одделно, што е зголемивање за 500 денари.Висината на поддршката се редуцира во зависност од големината на засеаните површини. Стопроцентна исплата на  субвенциите ќе добијат производителите кои имаат засеано до 20 хектари. Дополнителна финансиска поддршка  од 3.000 денари за хектар ќе добијат прозводителите кои употребиле сертифициран семенски материјал, каде има зголемување од 500 денари од минатат година.. Од оваа година, земјоделците ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 3.500 денари за хектар за засеани површини со сончоглед и ориз.

 


Субвенции во сточарство за 2011 година
Дата на објава: 
11 Март 2011

Директни плаќања за сточарско производство за годинава изнесуваат околу 2 милијарди денари.Фармерите кои одгледуваат говеда ќе добиваат по 2.700 денари по грло субвенција.Субвенцијата се пресметува скалесто. За одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по грло,а за набавка на високостелни јуници со познато потекло и висок генетски потенцијал по 40 илјади денари по грло.

 

Земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла овци од сите категории на овци висината на директните плаќања изнесува 950 денари по грло. Набавени машки приплодни грла оригинали и репродуктори во период јануари– септември 2011 година ќе се субвенционира со максимален износ до 15.000 денари по грло оригинали и 5.000 денари по грло репродуктори.

 


Јавен Повик бр 1/2011 по прв пат за пријави за членови во Комисијата за ветеринарно медицински препарати
Дата на објава: 
5 Март 2011

ОПШТИ ОДРЕДБИ

1.Носителот на повикот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ,  со седиште на ул. Јуриј Гагарин 15, Скопје.

2.Предмет на огласот е прибирање понуди за надворешни членови во Комисијата за ветереринарно медицинси препарати согласно член 6 од Законот за ветеринарно медицински препарати.

Додаток за превземање: 

ЈАВЕН КOНКУРС за изработка на риболовни основи
Дата на објава: 
5 Март 2011

Предмет на овој јавен конкурс е изработка на риболовни основи за вештачките езера - акумулации:

-      Стрежево,

-      Слатино,

-      Лисиче,

-      Младост,

-      Мавровица,

-      Глобочица,

-      Матка,

-      Липково,

-      Глажња,

-      Ратево (Беровско Езеро) и

-      Паљурци


Почнува кампањата за имплементирање на системот за идентификација на земјишните парцели
Дата на објава: 
4 Март 2011
LPIS prezentacija 04.03.2011 015.jpg

Со одржување информативни и едукативни семинари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска ја почнува кампањата за имплементирање на системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП).

 

Евидентирањето на земјоделските парцели ќе биде еден од задолжителните критериуми за добивање субвенции, но претставува и предулов за пристапување на Македонија во Европската унија.


Syndicate content