Новости

20 македонски органски производители и преработувачи со свои производи на Биофах, во Нирнберг
Дата на објава: 
15 Февруари 2018
biofah3.jpg

Органските земјоделски производи од Македонија се дел од најголемиот саем за органски производи Биофах кој од 14 до 17 февруари се организира во Нирнберг, Германија. Оваа година, на штандот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дваесет македонски компании ќе се претстават со органски градинарски, житни,овошни, млечни и месни производи, производи од мед, диворастечки производи, органски ѓубрива и преработки на органски производи.

Втора година по ред, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија им овозможува на органските производители, на сопствен штанд да се претстават на најголемиот саем за органски производи. За подобра промоција на македонските органски производители, министерството со помош на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ(IncreasingMarketEmployability)  изработи промотивен каталог  на органски производи на кој покрај компаниите кои се изложувачи, се претставени и компании и производители кои не беа во можност да присуствуваат на овој саем.


Работилница на ФАО и МЗШВ за проценка на потребите за информации за националната инвентаризација на шумите
Дата на објава: 
14 Февруари 2018
IMG_20180214_091551.jpg

Со помошна ФАО, шумарскиот сектор во Македонија презема понатамошни чекори за одржли во управување со шумските ресурси и зголемување на придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и руралниот развој.Одржливото управувањето со шумските ресурси значи осигурување, дури и зголемување на нивните придобивки, вклучувајќи од дрвни и останати шумски производи, за задоволување на потребите на општеството на начин кој ги зачувува и одржува шумските екосистеми во корист на сегашните и идните генерации.

Во исто време, одржливото стопанисување со шумите бара соодветни и квалитетни информации за моменталниот статус и промените во шумските екосистеми. И покрај деталното и добро воспоставено планирање на шумите на ниво на насад, во Република Македонија нема достапни ажурирани информации за моменталната состојба и трендовите на шумските ресурси на национално ниво. Последниот таканаречен "брз" инвентар на шумите во Македонија е спроведен во 80тегодини.


Николовски: Остануваме фокусирани на развојот на лозарството и винарството, преку поголема финансиска поддршка
Дата на објава: 
14 Февруари 2018
28169942_10155277080253202_114292845_o.jpg

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и советничката за земјоделство, Ленче Николовска, денеска во Кавадарци и во Неготино, присуствуваа на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, Св. Трифун.

При посетата на Кавадарци, премиерот Заев и министерот Николовски  остварија средба со присутните граѓани на централниот плоштад во Кавадарци.

За време на посетата на Неготино, Премиерот Заев, министерот Николовски и градоначалникот Делков, остварија средба со присутните граѓани на градскиот плоштад. Премиерот Заев порача, дека со посебно внимание се решаваат проблемите на лозарите, дека се води грижа за навремено исплаќање на субвенциите и тоа дека во тек се и разговори со винариите и откупувачите за откупот на годинешната реколта.


Николовски: Зборот е збор, трудот на тутунарите се цени и плаќа, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции
Дата на објава: 
13 Февруари 2018
DSC_2420.jpg

Владата на денешната седница во Уредбата за директни плаќања за 2018 година, ја дефинираше висината на субвенциите за килограм предаден тутун. Со Уредбата, почнувајќи од реколтата 2017 година, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции. Конкретно, се воведува субвенционирање во три нивоа и тоа:

- субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари по килограм, што е прво ниво;

- за втора класа обезбедуваме 70 денари, што е второ ниво;

- третото ниво на субвенционирање изнесува 60 денари по килограм и важи за трета и четврта класа, како за двете дополнителни класи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Николовски, изјави дека на овој начин ќе мотивираат тутунарите да произведуваат квалитетн тутун.


Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр
Дата на објава: 
8 Февруари 2018
ipard3.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, денеска во Охрид, присуствуваше на Работилницата за имплементација на ИПАРД Програмите, на која што присуствуваа првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri) и од Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG, како и директори и претставници на Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.

Оваа работилница се одржува во период кога сите предлози и забелешки се добредојдени за подобра реализација на ИПАРД Програмите. Работилницата е во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.


Syndicate content