Николовски: МЗШВ активно соработува со сите општини и со АД Водостопанство за чистење на речните корита и одводните канали
Дата на објава: 
21 Февруари 2018
DSC_3651.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работна средба со градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. На средбата, се разговараше за актуелните состојби и активности од областа на земјоделството, како што се чистењето на одводните канали и речните корита, тампонирање на полските патишта  и одржување на постојните и изградба на нови системи за наводнување.

Министерот Николовски беше во обиколка на дел од локациите каде што е во тек акција за чистење на одводните канали и речните корита од страна на општина Струмица и подружницата на АД Водостопанство.

 

На средбата министерот Николовски и градоначалникот Јаневски, се договорија за проширување на овие активности кои ќе дадат и поголем ефект во намалувањето на ризиците од поплави.

 


Министерот Николовски на трибина во Прилеп ја презентираше состојбата со откупот на тутунот
Дата на објава: 
21 Февруари 2018
DSC03396.JPG

Висока просечна откупна цена од 217,5 денари за килограм, зголемени субвенции кои што за прва класа достигнуваат и до 80 денари за килограм и низа мерки кои што ќе придонесат за што пореална исплата на субвенциите на тутунарите. Ова беше темата на трибината на прилепските тутунари со министерот за земјоделство,Љупчо Николовски што се одржа вчера вечерта  во Прилеп, во центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Сакаме да ги резимираме резултатите од последната реколта, бидејќи имаме
информации што потврдуваат дека е постигната исклучително висока откупна цена на тутунот од 217,5 денари за килограм. Владата на Република Македонија во претходниот период внимателно ја следеше постапката во делот на откупот. Тука сме да ги објавиме и новите политики на Владата во овој дел, но и да ги разгледаме отворените прашања и на транспарентен начин да го продолжиме дијалогот со тутунопроизводителите“, порача меѓу другото министерот Николовски.


Николовски: Со проект од ИПА, земјоделците ќе добијат нови еколошки системи за наводнување
Дата на објава: 
20 Февруари 2018
IMG_2773.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водосопанство Љупчо Николовски  денеска заедно со г-ѓа Вирве Вимпари, од Делегацијата на Европската унија, го најавија започнувањето на проектот "Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба “. Проект  во вредност од околу 1,7 милиони евра, е финансиран од Инструментот за претпристапната помош –ИПА на Европската унија. Проектот за услуги финансиран од Националната програма ИПА 2013 се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поточно во Управата за водостопанство.

Министерот Николовски посочи  дека целта на овој проект е да придонесе за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, да се одржат приходите од земјоделството и да се ублажат негативните ефекти од климатските промени во земјоделството преку промовирање на мали системи за наводнување со ниски трошоци кои ќе бидат прифатливи за животната средина.


Повлечени 96 решенија за пуштање во употреба на ѓубрива
Дата на објава: 
15 Февруари 2018

Во тек е засилена контрола од страна на сите институции за квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека во текот на контролите се повелечени 96 решенија за пуштање во употреба на ѓубрива, бистимулатори и подобрувачи на својства на почвата.

 

„Од страна на Министерството се повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година, заради отстапување од декларираните количини на хранливи материи за растенијата, најчество на азот, калиум и фосфор.Со оваа активност ги остваруваме заложбите за контрола и достапност на квалитетни репороматеријали за земјоделците и обезбедување на безбедни земјоделски производи за крајните потрошувачи“, изјави министерот Николовски.

 

Конторлите како што посочи министерот продолжуваат и во следниот период, ќе се конторлираат решенијата од 2017 но и од 205 година.

 


Кадровско екипирање на Платежната агенција, објавен оглас за вработување на 28 лица
Дата на објава: 
15 Февруари 2018

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави огласот за вработување на 28 лица. Во огласот се бараат стручни кадри за различни сектори во Агенцијата.

На овој начин ќе се обезбедат соодветни човечки ресури во оваа Агенција, што е клучно за ефикасна реализација на субвенциите за земјоделство и рурален развој, но и за подобра искористеност на парите од европските ИПАРД Програми.

За дефицитот на кадри во Платежната агенција, министерот Николовски алармираше минатата година, и посочи дека за проблемот е запознаена и Владата. Кон крајот на минатата година најави дека ќе се започне со кадровско екипирање на Агенцијата, чие што функционирање е важно за имплементација на мерките од Националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и за ефикасно искористување на финанасиските средства од европската ИПАРД Програма.


Syndicate content