Соопштение
Дата на објава: 
21 Март 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 01/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

 

.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

1. К.О. Криволак, регион Неготино,

2. К.О. Росоман регион Кавадарци и

3. К.О. Сопот регион Кавадарци.

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
21 Март 2011

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 01/11

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

 

 

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата во регионите:.......

Додаток за превземање: 

Соопштение
Дата на објава: 
17 Март 2011

Државниот инспекторат за земјоделство, како што беше договорено на вчерашниот состанок во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство од денеска ги координира  активностите на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите  и на откупните компании за тоа кои пунктови и во кои населени места ќе има потреба да се отворат пунктови за прифаќање на преостанатите количества тутун.

 

Според информациите од терен добиени од инспекторатот во некои населени места во прилепско и во радовишко и денеска се вршел откуп,а во наредните денови по извршениот увид треба да бидат отворени дополнителни пунктови.

 

На овој начин ќе им се излезе во пресрет на тутунарите кои не успеаја навреме да го предадат родот поради бојкотот непосредно по почетокот на откупната кампања.

 


Ќе се откупат и минималните количини неоткупен тутун
Дата на објава: 
16 Март 2011

Во наредните денови ќе се откупат минималните количини тутун што не беа преземени до завршувањето на законскиот рок за откуп -  15 март. И за дополнително откупените количини и по законскиот рок, тутунарите ќе добијат субвенција од државата од едно евро за килограм. Ова беше констатирано на денешниот работен состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците од Државниот инспекторат за земјоделство, од откупните тутунски компании и членовите на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
14 Март 2011

Според последниот извештај од државниот инспекторат за земјоделство кампањата за откуп на тутунот е на самиот крај.Вкупно откупеното количество говори дека скоро целата реколта е откупена.Останати се многу мали колучества неоткупен тутун.Во долненскиот и во радовишкиот регион во текот на денешниот и утрешниот ден ќе се врши откуп што претставува законски определен рок.

 

Доколку остане било кое количество неоткупен тутун, државниот инспекторат за земјоделство ќе дозволи да биде откупен од страна на откупувачите со цел да им се излезе во пресрет на тутунопроизводителите кои имаат повеќе тутун од договореното.

 

Согласно Законот за тутун до 25 март тутунарите треба да го пријават новото производство во подрачните единици на министерството за земјоделство.Договорите со откупните компании земјоделците треба да ги склучат најдоцна до 10 април и тоа во согласност со новиот правилник за откуп.

 


Syndicate content