УХМР ги одбележа светските денови на водите и на метеорологијата
Дата на објава: 
23 Март 2011
Uhmr.jpg

-Управата за хидрометеоролошки работи како институција која е во служба на граѓаните, на стопанството и воопшто на потребите на општеството, во последните неколку години, може да се пофали со навремени и точни информации. Со воведувањето на известувањето за биопрогнозата, УВ зрачењето и со вонредните прогнози сметаме дека во голема мерка им се помага на граѓаните, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој присуствуваше на свеченоста.

 

Тој подвлече дека метеоролошките и хидролошките услуги што ги дава УХМР значително придонесуваат за заштита на животот и имотот на граѓаните од природни непогоди, за заштита на животната средина и за подобрување на економската и социјалната благосостојба на повеќе сектори во општеството како што се безбедноста на храна, водните ресурси и транспортот.

 


Комерцијалните фарми со обврска за редовно водење сметководство
Дата на објава: 
22 Март 2011
Fadn.jpg

Македонија ги привршува подготовките за  воспоставување мрежа  за сметководствени податоци од фарма со кој  тие земјоделски стопанства имаат обврска редовно да водат сметководство.

 

-Со нејзино воспоставување ќе имаме целосен увид во нивното економско и финансиско работење за да можеме соодветно и прецизно да ги прилагодиме политиките и за субвенционирање и сите други типови за поддршка на земјоделското стопанство, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски на отворањето на  првата Национална конференција за мрежата  од сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН).


Деновиве ќе се дооткупи преостанатиот тутун.
Дата на објава: 
22 Март 2011

Откупувачите се мобилизирани и на теренот, претежно во Долненско, деновиве ќе ги дооткупат преостанатите количества тутун, соопшти вчера вечер министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој во Прилеп имаше работна средба со Сојузот на тутунските здруженија и со Инспекторатот.

Министерот Димовски не очекува да има проблеми со издавањето бели картони за новата реколта тутун, а до крајот на мај тутунарите ќе ги добијат субвенциите.

 

- Направивме последна координација со откупувачите за да се дооткупат преостанатите количества тутун претежно во Долненскиот регион. Прецизирани се пунктовите. Сокотаб од Битола сите 293 договори со тутунарите ќе ги реализира и ќе се отворат пунктовите во Дебреште, Ропотово, а наредниот ден и во Црнилиште. И Алијанса од Кавадарци ќе дооткупи. Струмица табак наместо во Житоше, ќе отвори пункт во Дебреште, а и Центротабак деновиве ќе го преземе договореното, прецизираше министерот Димовски по работната средба со Сојузот и со Инспекторатот.

 


П Р А В И Л Н И К
Дата на објава: 
21 Март 2011

П Р А В И Л Н И К

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ

ЗА МЕРИЛАТА ЗА КВАЛИТАТИВНА И КВАНТИТАТИВНА  ПРОЦЕНА

НА СУРОВИОТ ТУТУН ВО ЛИСТ

 

Член 1

 

Во Правилникот за мерилата за квалитативна и квантитативна процена на суровиот тутун во лист („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/07 и 144/10) во член 11 став 2 по зборот „проценуваат“ се додаваат зборовите „и откупуваат“.

Додаток за превземање: 

Нови правилници согласно законот за земјоделство и рурален развој
Дата на објава: 
21 Март 2011

1. Правилник за видот на активностите кои се предмет на поддршка, условите за финансирање, дефинирање на корисниците, општите и посебни услови за доделување на поддршката, детален преглед на прифатливи трошоци и начинот и правилата за визуелен идентитет на активностите

2. Правилник за видот и обемот на активностите кои се предмет на поддршка, условите за финансирање, дефинирање на корисниците, општите и посебните услови за доделување на поддршката, детален преглед на прифатливи трошоци и начинот и правилата за визуелен идентитет на активностите

3.Правилник за начинот на запишување на давателите на советодавни услуги во евиденцијата и потребната документација за запишување во евиденција како и начинот на водење на евиденција

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Syndicate content