Дата на објава:
31 Март 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на акцијата „Ден нa дрвото“, учествуваше во пошумувањето на месноста Лешки и место викано Велко Влаховиќ, Кратово.
- Ова е голема граѓанска иницијатива подржана од Владата со која сакаме да ја подигнеме колективната свест за зачувување и негување на шумското богатство. Очекувам голема излезност на граѓаните како во претходните акции, изјави Димовски.
Во досегашните шест акции, како што посочи, беа засадени повеќе од 20 милиони садници. Ефектите од пошумувањето се големи,тоа го потврдуваат и експертите од шумарството.
Процентот на прифатени дрвца од минатите акции е околу 70 проценти, рече министерот.