Интензивни активности за сигурен откуп, пласман и извоз на македонските земјоделски производи
Дата на објава: 
8 Април 2011
Otkupni Centri 011.jpg

Бројот и опременоста на откупно-дистрибутивните центри за свежо овошје и зеленчук не задоволува поради што еден од основните приоритети на Владата останува градење нови и осовременување на постоечките. Целта е обезбедување сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, подобар маркетинг, воведување современи пазарни стандарди и поголем извоз.

 

Како што рече денеска на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, веќе е во тек изградба на 10 нови откупно-дистрибутивни центри, а проекциите се секоја година да се градат по најмалку пет.

 

- Од 1. јуни годинава земјоделците ќе може да го предаваат производството во новиот објект на „Агрокор“ чиј капацитет, 35.000 тони, опслужува 1.500 кооперанти. За овој проект во делот електрична и патна инфраструктиура, како и изготвување планска документација, Владата обезбеди 90 милиони денари, истакна Иваноски.

 


Ј а в е н О Г Л А С бр. 03/11
Дата на објава: 
8 Април 2011

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 03/11

за давање во закуп на земјоделско земјиште

во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 399ха 54ар 60м2 за одгледување на едногодишни земјоделски култури за регионите:

 

Штип за површина од 100ха 88ар 77м2

Свети Николе за површина од 298ха 65ар 83м2

 

Податоците за земјоделско земјиште од овој јавен оглас (за службености и други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоци содржани во имотниот односно поседовниот лист) се во согласност со катастарската евиденција и увид во тие податоци за секоја површина може да се направи на огласна табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Додаток за превземање: 

Ј а в е н П О В И К бр. 02/11
Дата на објава: 
8 Април 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 02/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

1. К.О.Брод, регион Битола,

2. К.О. Марена регион Кавадарци

 

Предмет на постапката од дел I став 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп

Додаток за превземање: 

Министерот Димовски се обрати на отворањето на Европската сателитска конференција
Дата на објава: 
6 Април 2011
100_4794.jpg

,,Република Македонија  ги следи светските текови и вложува во развојот на хидрометеорологијата, бидејќи таа за нашата држава има стратешко значење и респективна, стручна улога во заштитата на луѓето и матријалните добра и на  севкупниот социјално - економски развој на општеството,,. Ова го истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во неговото денешно обраќање на отворањето на Европската сателитска конференција за земјите од Источна Европа и Западен Балкан, чиј домаќин е Управата за хидрометеоролошки работи, а на која присуствуваше и Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања.

 


Конференција за намалување на последиците од климатските промени во земјоделството
Дата на објава: 
6 Април 2011
Minister Svetska banka 06.04.2011 015.jpg

Долгорочното влијание на климатските промени и предвидените негативни ефекти врз земјоделството, шумарството, водните ресурси, безбедноста на храната и биолошката разновидност,  како и можните препораки за најсоодветен пристап во намалувањето на чувствителноста и прилагодување кон климатските промени, ќе се вброи меѓу приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на конференцијата за намалување напоследиците од климатските промени.

 

Климатските промени се комплексно, глобално прашање чие влијание се очекува да предизвика хронични проблеми во земјоделскиот сектор, кој се издвојува како еден од најважните сектори во стопанството, особено поради неговото значење за социјалната сигурност и намалувањето на сиромаштијата. Имајќи го предвид овој факт, Министерството за земјоделство ќе преземе иницијатива за спроведување на политиките на ублажувањето на негативните влијанија од климатските промени.


Syndicate content