Нов објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Табановце
Дата на објава: 
19 Април 2011

На граничниот премин Табановце денеска беше пуштен во употреба новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола кој ќе овозможи максимална проверка на пратките и ефикасна заштита на здравјето на населението, животните и растенијата. Вредноста на објектот е 1,3 милиони евра обезбедени од ЕУ.

Објектот го предадоа во употреба евроамбасадорот Петер Соренсен, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија Деан Рунтевски.


Седми Поткомитет за земјоделство и рибарство
Дата на објава: 
18 Април 2011

На 14 и 15.04.2011 година, се одржа 7-от редовен состанок на Поткомитетот за земјоделство и рибарство помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и претставници на соодветните генерални директорати при Европската комисија за земјоделство и рурален развој и  за проширување.

 

Во текот на дводневната работна средба беа разгледани активностите кои министерството за земјоделство ги реализираше во периодот април 2010 - април 2011, во рамките на евро-интегративниот процес на нашава земја во областите кои се во надлежност на министерството - земјоделство и рурален развој, безбедност на храната и ветеринарна политика и рибарство.

 


Исплатени 4,59 милијарди денари за субвенции во земјоделството
Dimovski Peshevski 020.jpg

За финансиска поддршка на земјоделството во 2010 година согласно владината Програмата до 11 април се исплатени 4,59 милијарди денари, информираа на денешната заедничка прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Вицепремиерот Пешевски посочи дека само во лозарството за 2010 година по разни основи се исплатени субвенции во вкупен износ од приближно 10,75 милиони евра.

 

- Овој износ на субвенции за лозарите досега како износ не е забележан во историјата на Македонија и е апсолутно највисок износ што која било влада кога било го исплатила за лозарите. Тоа ја покажува политичката определба, но и стратегијата на Владата и понатаму да продолжиме со слични мерки за стимулирање на лозарството, кое традиционално е една од најсилните гранки со голем извозен потенцијал, рече Пешевски.


Јавен конкурс
Дата на објава: 
13 Април 2011

Јавен конкурс

за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов  на риболовните ревири и рекреативните зони

I ПРЕДМЕТ

1.   Предмет на јавниот конкурс е давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативни зони на сливовите на реките Вардар, Црн Дрим, Брегалница, Треска, Струмица, Црна Река, Пчиња и риболовните ревири на сливовите на Охридското Езеро и Преспанското Езеро.

Додаток за превземање: 

Министерот Димовски на отворање на првата специјализирана продавница за органски производи во Македонија
Дата на објава: 
9 Април 2011
100_4848.jpg

Во  нашава земјава веќе постои категорија потрошувачи кои се заинтересирани органска храна, биолошки најчиста, здрава. Се надевам дека ова нема да биде прв ваков објект, туку само поттик за отворање што повеќе, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по отворањето специјализираната  продавница за органски производи.

 

Идејата за реализирање на целиот проект околу „БИОкулт“, велат менаџерите, базира на фактот дека органската и свежо подготвената храна се клуч за здравјето на луѓето.

 

Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, органските производи може да си ги дозволи секој, независно од цената. Наместо да ја полнат корпата со секакви продукти, потрошувачите е подобро да ја наполнат само една третина со здрави артикли, рече сопственичката Снежана Јовановска.

 


Syndicate content