Се продолжува рокот за пријавување за субвенции
Дата на објава: 
26 Мај 2011

Поради зголемениот интерес за поднесување на барања за субвенции, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го продолжи рокот за пријавување за субвенции за 20 дена. Наместо крајниот рок до 31 мај за поголемиот дел од мерките во Програмата за финансиска поддршка, подрачните единици на министерството барањата ќе ги примаат до 20 јуни 2011 година.

Исто така на земјоделците од струмичкиот регион ќе им се излезе во пресрет со продолжување на работното време на подрачна единица. Подрачната единица во Струмица од денес ќе работи до 20 часот во работните денови,а во сабота до 14 часот.


Министерот Димовски им вети на фармерите продолжување на развојните политики во земјоделството
Дата на објава: 
19 Мај 2011

,,Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја смета Федерацијата на фармерите во Република Македонија за сериозна земјоделска организација, партнер со кој преговара, договара и креира политики за развој на производството на храна, темелени на потребите на земјоделците. Потврда на веќе изградениот партнерски однос е и тоа што Федерацијата го поднесе првото барање за официјално евидентирање како  економско  социјален партнер на Министерството за земјоделство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој,,. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обраќање на Генералното собрание на Федерацијата на фармерите во Република Македонија што се одржа во Куманово.

 


Министерот Димовски се обрати на конференцијата за малите фарми и глобализацијата
Дата на објава: 
13 Мај 2011
Bel 004.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопaнство Љупчо Димовски денеска се обрати на  министерската конференција  на земјите членки на Централно европската иницијатива што се одржа денеска во Белград,Република Србија, а на која се расправаше за интеграцијата на малите земјоделски стопанства и фарми во глобалниот пазар. На конференцијата присуствуваа министри за земјоделство од 18 земји членки на ЦЕИ, а специјални гости беа министерите од Португалија,Ирак и Литванија.

Во рамки на конференцијата министерот Димовски се сретна со Премиерот на Република Србија Мирко Цветковиќ,словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан и министерот за земјоделство на Црна Гора Тарзан Милошевиќ.


Министрите за земјоделство на Македонија и Србија договорија формирање на заеднички пазарен информативен систем
Дата на објава: 
13 Мај 2011

Македонија, Србија и Црна Гора ќе формираат заеднички пазарен информативен систем. Тоа е во согласност со сите напори што ги прави Република Македонија за зголемување на извозот на земјоделско прехранбени производи, но и за подобрување на трговијата со Србија и Црна Гора и со другите земји од регионот.

Ова беше тема на денешната билатерална средба меѓу македонскиот и српскиот министер за земјоделство  Љупчо Димовски и Душан Петровиќ во Белград.

Наскоро министрите за земјоделство на Македонија, Србија и Црна Гора ќе потпишат спогодба со што ке се официјализира воспоставувањето пазарен информативен систем. На ваков начин системот ќе прерасне во регионален, а негова основна цел ќе биде прибирање податоци за понудата, побарувачката и движењето на цените во областа на земјоделско-прехранбените производи во трите земји. Ќе се прави анализа и обработка на податоците што ќе овозможи подобро организирање на пазарот и непречен пласман на земјоделско-прехранбените производи.


Средба на министерот Димовски со земјоделските здруженија и лозарите
Дата на објава: 
12 Мај 2011

Почитување на Законите за винарство и за земјоделство, е еден од заклучоците што произлезе од денешниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставниците на земјоделските здруженија и на лозарите, соопшти ресорното Министерство.

На состанокот, на кој присуствуваа претставниците од Федерацијата на фармери, асоцијацијата на земјоделци и од здружението „Агротиквешија“, разговарано е за состојбите во лозарството и за напорите што ги прави Министерството за заштита на лозарите. Законската обврска за исплата на откупеното грозје во рок од 180 денови и доставување писмена изјава за исплатени обврските  од 2009 година, винарските визби ќе мора да ја почитуваат доколку сакаат да  продолжат со бизнисот во винарството.

Министерот Димовски посочи дека Министерството и во наредниот период ќе организира заеднички состаноци со цел да се изнајдат заеднички решенија во интерес на  квалитетен откуп на винското грозје.


Syndicate content