Известување
Дата на објава: 
3 Јуни 2011

Во врска со објавениот Јавен конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 45 од 7 април 2011 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува за следново:

 

Во делот V  од Јавниот конкурс е наведено дека отворањето на понудите ќе биде јавно десет  дена од завршувањето на предвидениот рок за нивното доставување.

Од аспект на одредбите од Законот за спречување на корупцијата, во периодот од донесување на Одлука за распишување избори до завршување на изборот на пратеници во собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија постои законска пречка за продолжување на започнатата постапка.

Од овие причини постапката (отворањето на понудите, изборот на најповолен понудувач и донесување на Одлука за давање на концесија ќе продолжи по изборот на Владата на Република Македонија.


Министерството за земјоделство преку амбасадите го интензивира извозот на зеленчук
Дата на објава: 
2 Јуни 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство по појавата на епидемијата од смртоносната бактерија ешерихија коли во повеќе европски земји, преку македонските амбасади во Косово, Албанија Хрватска и Украина презема мерки за интензивирање на извозот на зеленчук и овошје од Република Македонија. Министерството за земјоделство директно контактираше и со министрите за земјоделство од Република Словенија, Полска, Чешка, Словачка и Молдавија за да се обезбеди континуиран и непречен извоз на земјоделски производи, особено на овошје и  зеленчук.

Водејќи се од европскиот принцип на следливост на производството ,,Од нива до трпеза,, Владата на Република Македонија и ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со исклучителна посветеност и следење на светските и европските стандарди во производството гарантираат дека во производството на овошјето и зеленчукот и на другите земјоделски култури  во Македонија се применуваат највисоките стандарди за квалитет и за безбедност.


ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Дата на објава: 
2 Јуни 2011

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Република Македонија

Проект за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ

ИБРД Заем/4861-МК

Набавка на Интегриран административен и контролен систем (IACS) за потребите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

МК-АСАП-Ц2-ИЦБ-Г04/2


Продолжува позитивниот тренд во производството и извозот на зеленчук
Дата на објава: 
29 Мај 2011
1.ok.jpg

,,Радува фактот што и во првите месеци од оваа година продолжува ланскиот позитивен тренд во извозот на земјоделски производи, кога според стстиката го евидентиравме историски најголемиот извоз на странските пазари вреден 424 милиони евра. Рекордниот извоз е само уште една потврда на посветеноста на градинарите и нивниот професионален однос кон производството на храна, но пред се на умешноста субвенциите кои што ги дава државава за поддршка на овој сектор да се насочат кон  поконкуретно и попрофитабилно производство. Ваквиот позитивен тренд е резултат и на ефективната политика на Владата  за поддршка на овој сектор, кој во вкупната вредност на земјоделското производство учествува со скоро триесеттина проценти,,.


Враќање на мандрите на Дојранско Езеро
Дата на објава: 
26 Мај 2011
dojran 004.JPG

Враќање на традиционалниот начин на рибарење на Дојранско Езеро дава новиот Законот за рибарство и аквакултура како и риболовната основа. Со нив се отвора можност повеќе концесионери да го организираат риболовот со единствениот начин на рибарење со мандри. Заживувањето на традицијата исто така ќе помогне и во позиционирањето на Дојран во атрактивно туристичко место истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на синоќешната презентација пред дојранчани.

Додека трае постапката за давање на концесијата за стопански и за рекреативен риболов, добро е да се прецизираат бројот и големината на мандрите како и помошта која може да ја даде министерството за успешна реализација на овој вид атрактивен риболов појасни заменик министерот Иваноски.


Syndicate content