Министерот Димовски ги посети местата во општина Велес кои беа погодени од невремето
Дата на објава: 
10 Јуни 2011

Mинистерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посети општина Велес. Заедно со градоначалникот на Велес Горан Петровски ги посетија местата кои што настрадаа од невремето проследено со град.

Министерот Димовски оствари средба и со жителите на селата Раштак и Башино село.


Управата за хидрометеоролошки работи будно ја следи временската состојба
Дата на објава: 
10 Јуни 2011

Управата за хидрометеоролошки работи која работи во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во изминативе три дена интензивно ја следеше состојбата со градоносните облаци.

На 8 јуни беше интервенирано со 24 противградобијни ракети на подрачјето на општините Велес,Чашка,Лозово и Свети Николе од радарскиот центар Ѓуриште.

На 9 јуни поради авионскиот сообраќај Управата не беше во можност да делува, но состојбата се следеше од истиот радарски центар.

Министерството потсетува дека употребата на противградобијните ракети е забранета во градските подрачја како и тоа дека делувањето зависи од дозволата од контролата на летање и од  авионскиот сообраќај.

Управата ќе продолжи со лсдење на состојбата со градоносните облаци и доколку има потреба ќе го вклучи системот на делување.Во наредните неколку денови според Управата не се очекува големо невеме проследено со град.


Интензивиран извозот на овошје и зеленчук во Русија и Косово
Дата на објава: 
10 Јуни 2011

По појавата на епидемијата од бактерија ешерихија коли во повеќе европски земји, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во изминатиот период, преку контактите со нашите дипломатски претставништва, презеде итни мерки за обезбедување на алтернативни пазари за македонските градинарски производи. Целта на овие активности е да се интензивира пласманот на нови и на регионалните пазари.

Поради тоа изминатите денови е евидентиран прогрес во извозот на градинарските производи особено на пазарот на Руската Федерација и на Косово. Воедно, сите испораки се документарно проследени со неопходната потврда за фитосанитарна исправност на производите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е постојан контакт со произведувачите на градинарски производи и во рамките на своите надлежности излегува во пресрет на нивните барања.


Осми Комитет за следење на ИПАРД Програматa
Дата на објава: 
9 Јуни 2011
JPG


Владата сака да обезбеди максимални услови за да се пријават што повеќе апликанти и да се искористат што повеќе пари што ни се на располагање од Европската унија, нагласи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски кој претседаваше со денешниот осми комитет за следење на ИПАРД Програмата.

Комитетот меѓу другото  ги разгледа и предлозите за евентуално менување на критериумите во Програмата за да ја направи што поприфатлива и подостапна за потенцијалните корисници.

- Се предлага подигање на максималните критериуми за да аплицираат и поголемите стопанства, но и спуштање на минималните во насока на проширување на опфатот - одредени инвестиции што беа врзани само реконструкција на постоечки објекти да бидат пренасочени во изградба на нови или нивно дислоцирање, истакна Иваноски.


Ќе произведеме повеќе пченица од лани
Дата на објава: 
3 Јуни 2011
Den na pcenicata 026.jpg

Годинава се очекува повисок принос пченица за околу 10 отсто во споредба со лани, зошто освен што се насеани 4 до 5 илјади хектари повеќе, интензивно се применуваат современи агротехнички мерки, а земјоделците се повеќе употребуваат квалитетен семенски материјал. Владините мерки кои предвидуваат и зголемување на субвенциите, се насочени токму кон намалување на досегашната увозна зависност од лебно жито.

 

Ова го истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната манифестација „Ден на пченицата“ што ја организира „Агроунија“ - Скопје под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

- Во 2010 просечниот принос пченица беше 2,9 тони на хектар, а годинава со оглед на квалитетниот семенски материјал што беше искористен, очекуваме 3,2 тони. Ова секако е добро, но не е доволно. Македонија, за жал, е се уште увозно зависна за покривање на потребите од лебно жито, изјави министерот Димовски.

 


Syndicate content