Дата на објава:
15 Февруари 2018Во тек е засилена контрола од страна на сите институции за квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека во текот на контролите се повелечени 96 решенија за пуштање во употреба на ѓубрива, бистимулатори и подобрувачи на својства на почвата.
„Од страна на Министерството се повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година, заради отстапување од декларираните количини на хранливи материи за растенијата, најчество на азот, калиум и фосфор.Со оваа активност ги остваруваме заложбите за контрола и достапност на квалитетни репороматеријали за земјоделците и обезбедување на безбедни земјоделски производи за крајните потрошувачи“, изјави министерот Николовски.
Конторлите како што посочи министерот продолжуваат и во следниот период, ќе се конторлираат решенијата од 2017 но и од 205 година.