Дата на објава:
18 Јуни 2011Во македонскиот зеленчук нема присуство на бактеријата ешерихија коли. Безбеден е и сосема исправен за консумирање, порачаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.
Агенцијата, како што истакнаа Димовски и Рунтевски на прес-конференција, изминатите 10 дена спроведе вонредни контроли на преку 40 примероци зеленчук земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските прозводители. Резултатите покажуваат дека доматите и краставиците се безбедни за исхрана за јадење.
- Изминатава година во рамки на ЕУ, Македонија, како трета земја, беше втор извозник на краставица. Тоа доволно зборува за квалитетот и безбедноста на нашите производи, нагласи Рунтевски.