Работен состанок на министерот за земјоделство, Љупчо Димовски со кинеска делегација
Дата на објава: 
18 Јули 2011
photo.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Скопје  одржа работен состанок со претставници на двете најголеми кинески компании од тутунската индустрија, г-дин Wu Yi - претседател на Hongyunhonghe Tobacco Group, г-ѓа Jin Ying – заменик директор на Yunnan Tobacco International Group, претставници од австриска посредничка компанија Weswaldi и генералниот директор на Тутунски комбинат Прилеп г-дин Александар Дерменџиев.

На состанокот компаниите се претставија и се разговараше за лиценцно производство на брендот цигари “99“ и брендот “Јин Јан“ – најпродаваните цигари во Кина кои би биле само за извоз.

Производството на овие два бренда ќе се одвива во Тутунски комбинат Прилеп и ќе биде само за извоз.

Министерот Димовски нагласи дека доколку е потребна било каква подршка министерството ќе излезе во пресрет во рамките на своите надлежности.


Од утре почнуваат ИПАРД информативните денови за граѓаните
Дата на објава: 
17 Јули 2011

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од утре, понеделник, 18.07.2011 година до 26.07.2011 година ќе одржат ИПАРД информативни денови за запознавање на земјоделците и компаниите со можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата  за 2007-2013 година. Бесплатни совети и стручна помош сите заинтересирани субјекти за аплицирање за ИПАРД ќе можат да добијат и на отворената телефонска линија 02 -3- 110-887 на Телото за управување со ИПАРД, како и лично на адеса  улица ,,Даме Груев,, блок 2,локал 5  (позади зградата на Собранието на Република Македонија).

Исто така, за бесплатни совети и стручна помош околу подготовката на апликациите, граѓаните можат да се обратат и во  регионалните канцеларии на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.


На Бистра се одржа седмата манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,
Дата на објава: 
16 Јули 2011
Galicnik 2011 003.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, на локалитетот ,,Смрдливи вирови,, на бачилото на ,,Вардар 03,,  АД Градско,  на  Бистра, ја отвори традиционалната, седма по ред манифестација ,,Ден на одгледувачите на овци и кози,,.

-Од 2005 година кога за прв пат беше организирана оваа манифестација, годинава, со гордост можам да констатирам дека  ,,Денот на овчарството и козарството,,  прерасна во врвен собир на еснафот. Овде на едно место, во интерес на унапредување на овие две , за Република Македонија и за регионот важни сточарски гранки, се среќаваат и разменуваат искуства производителите, преработувачите и  и науката,,- рече во обраќањето министерот Димовски.

Во нашата држава овчарството има  значајна улога во остварувањето на бруто домашниот производ и го зазема третото место  во извозот на земјоделско прехранбените производи. Поволните климатски услови и традицијата, како што додаде тој,  се основите на кои сега почиваат современото овчарство и козарство во Македонија.


Стапија во сила повеќе Правилници кои произлегуваат од Законот за земјоделското земјиште
Дата на објава: 
14 Јули 2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ  ИЗВЕШТАЈ ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА БИЗНИС ПЛАНОТ

 

ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ОРАНЖЕРИЈА ИЛИ ОБЈЕКТ ЗА ПРИМАРНА ОБРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ

ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА РАЗМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ВРЕМЕНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЗАПИСНИКОТ ЗА ОТВАРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ И ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ

 


Забрането палење на стрништата како превентива од пожари
Дата на објава: 
14 Јули 2011
Bubo-1.jpg

Поради опасноста од пожари, како последица на високaта температура, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство апелира граѓаните крајно внимателно да се движат во шумите. Секоја евентуална појава на пожар, граѓаните можат да ја пријават на отворената телефонска линија 02-155-22 на  јавното претпријатие ,,Македонски шуми,, како и во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување.

Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои  ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната за движење во шума која што ја донесува корисникот или сопственикот на шумата, а ако за тоа нема добиено одобрение од него се движи од 2 до 3 илјади евра.

Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита  на шумите од пожари изнесува од  15 до 20 илјади евра.


Syndicate content