Опожарени 300 хектари со стрништа, сува трева и деградирана шума
Дата на објава: 
21 Јули 2011

Околу 300 хектари стрништа, сува трева и деградирана шума се опожарени во педесеттината пожари  во државава кои биле евидентирани од страна на Центарот за управување со кризи и на чие гаснење интервенирале  територијалните противпожарни единици и стручните служби за гаснење на пожари на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,,. Најголемиот број од пожарите (13) според Центарот за управување со кризи се случиле на територијата на Скопје. По својот интензитет и зафатената површина најголемиот пожар во скопско бил оној кој избувнал во текот на минатиот ден во близина на автопатот кај Катланово.

Во Кумановско се евидентирани 7 пожари, во Крива Паланка 5, а пожари беснеат и во Битола, Пробиштип, Кавадарци и Велес. Во струшко се запалени две локации, а по една во  Прилеп, Кочани, Радовиш, Кратово, Охрид, Кичево, Гостивар и Демир Хисар.

 


Бесплатниот телефон 195 отворен и за пријавување на шумски пожари
Дата на објава: 
20 Јули 2011

Секторот за аналитика и истражување при Дирекцијата за заштита и спасување, врз основа на прогнозата на времето на Управата за хидометеоролошки работи, за утре, четврток, 21.08.2011 година, информира дека поради превенција од настанување на шумски пожари, припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните  одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат на ниво на најголема мобилност во неколку региони. Засилени контроли и набљудување на теренот ќе се врши во битолскиот, демиркапискиот, кавадаречкиот, кумановскиот и во регионите кои ги покрива метеоролошката станица Лазарополе. Исто така, нивото на готовност ќе биде подигнато и во валандовскиот регион, во гостиварско, како и во околината на Радовиш, Скопје, Струмица и Велес.


УХМР најавува минимално намалување на температурите-опасноста од пожари сеуште постои
Дата на објава: 
19 Јули 2011

Управата за хидрометеоролошки работи при Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство информира дека и покрај  сончевото и топло времe, утре, среда, 20.07.2011 и во четврток можна е појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер као и услови за град. Денешните температури од 32 до 38 степени, утре и во четврток  според УХМР ќе се намалат за неколку степени поради утрешното променливо облачно време и локалната појава на пороен дожд и грмежи.

Во поголемиот дел од државава во текот на утрешниот ден ќе дува и силен ветер од југозападен правец, а во четврток ќе дува ветер од северозападен правец. Поради наквите најави, во четврток според УХМР се очекува  пад на температурите за неколку степени.


Известување
Дата на објава: 
19 Јули 2011

Се известуваат сите понудувачи кои доставиле понуди по Јавен  конкурс бр_05 за давање на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во реоните Кавадарци, Берово, Свети Николе, Куманово, Струга, Кратово, Ресен, Кичево, Радовиш и Велес, дека јавното отварање на понудите ќе биде на ден 04.08.2011 година во 12 часот, сала за состаноци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул. Јуриј Гагарин 15, Скопје-Македонија).

Овластените претставници на понудувачите на јавното отворање треба да носат овластување потпишано од одговорното лице на понудувачот.

 

Комисијата за спроведување на постапката

за давање на дивечот на концесија


Се воведува делумна забрана за движење во шумите за да се спречи појавата на пожари
Дата на објава: 
18 Јули 2011

Координативното тело за заштита на шумите од пожари при Владата на Република Македонија, денеска, во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одржа  состанок на  кој беа дефинирани активностите на членките на Телото, со цел интензивирање на мерките за превенција и заштита на шумите од пожари. Како што беше истакнато на состанокот, засилени се контролите на терен од страна на сите субјекти вклучени во заштита на шумите и во превенцијата и справувањето со шумските пожари.

Државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство кој ги координира активностите на Телото, информира дека се известени сите субјекти кои стопанисуваат со шумите да прогласат делумна забрана за движење во шума, поради опасноста од настанување и ширење на шумски пожари како последица на високите температури и бујната сува вегетација. Испратено е и задолжување до нив да ги информираат граѓаните за почитување на шумскиот ред.


Syndicate content