Палењето на стрништата, најголема опасност за шумските пожари
Дата на објава: 
8 Август 2011

Како последица на зголемените температури од топлотниот бран кој деновиве повторно ја зафати нашава држава, зголемен е и ризикот од појава на шумски пожари. Секторот за аналитика и истражување при Дирекцијата за заштита и спасување предупредува дека во текот на утрешниот ден, во беровскиот,битолскиот, дебарскиот, во околината на Лазарополе, Маврово, во Валандовско и во охридско - струшкиот регион, зголемена е опасноста од појава на шумски пожари. Поради екстремно  сушниот период предизвикан од високите температури и најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за појава  на засилен ветер во текот на наредните денови ќе подигнат е степенот на мобилност на екипите за  заштита од пожари и во регионот на Преспа, Прилеп, Радовиш, Скопје, на Солунска Глава како и во тетовскиот, велешкиот и во регионот на Пробиштип.


Министерот Димовски на состанок со винарските визби во Неготино
Дата на објава: 
8 Август 2011
Minister vinarii 08.08.2011 017.jpg

На заедничката средба меѓу винарските визби и на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што се одржа денеска во винаријата ,,Бовин,, во Неготин, се расправаше за претстојниот откуп на грозјето.

Министерот Љупчо Димовски, со оглед на преговорите кои ги имаше изминатиов период со лозарите и со винарите очекува дека нема да има поголеми проблеми во годинашниот откуп.

- Можам да кажам дека залихите на вино се половина од тоа што ги имавме минатата година и тоа е добро затоа што создава добар простор винариите успешно да го извршат откупот на цела количина на винско грозје - рече Димовски.

Менаџерот на винаријата „Аневски“ Ѓорѓи Бебеџаков од Штип смета дека по оваа трета средба, поблиску е целта, да се откупи целиот род на горзје од овогодишната реколта. Тој додаде дека ланските владини мерки за субвенционирање на винарските визби дадоа голем ефект,односно при светска винска криза извозот на македонско вино се зголемил.


Високите температури и засилениот ветер нова опасност за појава на пожари
Дата на објава: 
7 Август 2011

Управата за хидрометеоролошки работи најавува зголемување на температурите во наредните два дена, кои според проценките на синоптичарите, утре, понеделник, 8.08.2011 ќе достигнат до 37, а во вторник до 38 степени Целзиусови. Зголемеите  дневни температури, но и најавениот засилен ветер за в среда, според Секторот за аналитика при Дирекцијата за заштита и спасување, ја зголемува и опасноста од појава на шумски пожари.

Поради ваквата состојба, нивото на готовност на сите мобилни екипи за превенција и за гаснење на пожарите во наредните денови ќе биде подигнато на највисоко ниво. Во насока на превенција на појава на шумски пожари, Оперативното координативно тело за заштита од шумски пожари  ги потсетува граѓаните дека е воведана делумна забрана за движење во шумите, а земјоделците дека е забрането палење на стрништата.


Сојузот на земјоделци ја поздрави владината мерка за стабилизирање на пазарот со пченица и брашно
Дата на објава: 
3 Август 2011
Bitola.jpg

Министерот за земјоделтво, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски, денеска, во битолкото село Новаци одржаа работен состанок со членовите на Соузот на земјоделци на Република Македонија. Земјоделците ја поздравија владината одлука за заштита на пазарот со брашно и пченица и од ресорното Министерство за земјоделство побараа да се разгледа можноста за промена на законот за Агенцијата за стокови резерви, со што за потребите  на стоковите резерви пченицата во иднина  би се откупувала непосредно од произодителите.

Тие ги информираа првите луѓе на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство дека во пелагониско годинава се произведени околу 25  илјади тони пченица, од кои мелничките компании имаат откупено само околу 5 илјади тони.


Заменик министерот Коњановски го посети прилепскиот регион погоден од невремето
Дата на објава: 
2 Август 2011
Konjanovski 1.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Зоран Коњановски, денеска го посети прилепскиот регион кој вчера беше погоден од силно невреме проследено со силен дожд и град. Покрај оштетувањата на инфраструктурата, големи се и штетите кои невремето ги направи врз земјоделските култури.

-Општинските комисии за процена на штетите во најкус можен рок да излезат на терен и да ја направат проценката, а извештајот итно да се достави до владината комисија, врз основа на што, ќе се донесе и соодветна одлука за обесштетување – истакна тој по средбата со граѓаните од оваа општина.

Земјоделците го информираа заменик министерот Коњаносвки дека од вчерашното невреме, најголеми штети се евидентирни кај ј тутунот, земјоделска култура која е најзастапена во овој регион, но и кај пиперките.


Syndicate content