Дата на објава:
24 Август 2011Во следните 10 дена се воведува целосна забрана за движење во шумите и шумските појаси на целата територија на Република Македонија, освен за вработените во претпријатијата кои вршат сеча.
Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната прес-конференција, забраната ќе трае до 3 септември од 17 часот попладне до 7 часот наутро.
Целта е превенирање од пожари зашто можноста од нивна евентуална појава деновиве е зголемена поради топлотниот бран што ја зафати земјава.
- Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи во наредните неколку дена се очекуваат високи температури, јужен ветер, ниска релативна влажност на воздухот без услови за дожд што е поволно за ширење на пожарите. Освен мерките за превенција што ги донесе Владата на синоќешната седница уште еднаш апелираме до земјоделците да не ги палат стрништата, истакна Димовски.