Државниот инспекторат за земјоделство со засилена контрола при откупот на грозје
Дата на објава: 
28 Август 2011

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов согласно разговорите помеѓу Владата, откупувачите и лозарите и согласно  законот за вино при откупот на грозјето, на денешната прес конференција информира дека во наредниов период инспекторатот ќе врши интензивни и засилени континуирани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје.

 

За таа цел се формирани посебни тимови од инспектори кои  постојано ќе ја контролираат работата на секој откупен пункт односно на секој регистриран откупувач. Стаменов укажа дека не смее да се врши откуп на локации кои не се пријавени како откупни места, на секое откупно место задолжително да се истакнуваат откупните цени и тоа 10 дена пред започнувањето на откупот. Истовремено се предупредуваат  винарниците, односно регистрираните откупувачи на грозје дека доколку  извршат откуп на грозје ,без при тоа да имаа склучен писмен договор со лозарите, согласно законските одредби, нема да добијат субвенции и истовремено ќе бидат законски санкционирани.

 


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
26 Август 2011

Се известуваат сите заинтересирани субјекти дека на ден 31.08.2011 година (среда) со почеток во 10 часот во просториите на Македонија Табак (сала за состаноци, приземје) ќе се изврши јавно отворање на пристигнатите понуди од Јавниот конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони објавен во Службен весник на Република Македонија бр.45/11), во дневните весници и на веб страната на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Министерот Димовски и заменик министерот Коњановски на средба со лозари во село Сопот
Дата на објава: 
25 Август 2011
Sopot.jpg

Лозарите кои ќе го предадат грозјето во регистрирани винарски визби ќе добијат по два денара за килограм финансиска поддршка од државата. Винарите, пак, за откупен килограм бело грозје по минимум осум денари ќе добијат 1,5 денари стимулација, а за црвено грозје откупено по најмалку 10 денари ќе добијат 2,5 денари поддршка.

 

Oва се владините мерки за помош во лозaраството што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот заменик Зоран Коњановски денеска им ги соопштија на производителите во кавадаречкото село Сопот.

 

Владата, информира Димовски, ќе обезбеди дополнителна поддршка за винариите што ќе откупат поголемо количество грозје од просекот во 2009 и 2010 година. Предвидени се по два денара за килограм бело и три денари за килограм црвено грозје.

 

- Владата на синоќешната седница ја усвои измената на Програмата за директна поддршка во земјоделството. Целта на предвидените мерки е да се стимулира откупот, истакна Димовски.

 


ПРОГРАМА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2011 ГОДИНА
Дата на објава: 
25 Август 2011
Додаток за превземање: 

УРЕДБА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА
Дата на објава: 
25 Август 2011
Додаток за превземање: 

Syndicate content