Ќе се интензвира македонско-израелската соработка и во науката за земјоделството
Дата на објава: 
5 Септември 2011
100_5462.jpg

Зајакнување на капацитетите на Факултетот за земјоделски науки и храна во областа на градинарството, хортикултурата, производството на семе и саден материјал, во заштитата на растенијата, сточарското производство но, пред се во наводнувањето се секторите во кои треба да се интензивира соработката во делот на науката. Ова беше истакнато на денешната средба на израелската делегација преводена од Орид Нокт, министерката за земјоделство и рурален развој на Израел со претставниците на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и членовите на Македонско-израелскиот бизнис клуб.

Како што потенцира Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, наставната програма на оваа научна институција  е прилагодена на потребите на стопанството, а со помош на државата се обезбедуваат најсовремените услови за образование на  потребниот кадар во агросекторот.


Прва официјална средба на министрите за земјоделство на Македонија и на Израел
Дата на објава: 
5 Септември 2011
Ministerska sredba .05.09.2011 003.jpg

Земјоделството во Република Македонија има големо значење како стопанска гранка и преку Програмата за финансиска поддршка во последните неколку години вложуваме и до 500 милиони евра кои даваат позитивни ефекти, а искуството и соработката со Израел како една од водечките земји во однос на земјоделското производство, особено во наводнувањето е особено значајно, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешната билатерална средба со израелска делегација предводена од Орит Нокед, министер за земјоделство и рурален развој на Израел.

На средбата меѓу другото беа договорени и конкретни проекти кои се однесуваат на семе производството и на наводнувањето. Во Македонија, со поддршка на Израел,  за 45 дена ќе почне да  се гради центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал.


Државата ќе продава локации за винарски визби по евро за квадрат
Дата на објава: 
3 Септември 2011
konjanovski ok 2.jpg

Преку 50 локации со површина од 4 до 5 илјади метри квадратни и почетна цена од евро за метар квадратен ќе понуди државата на продажба за градење винарски визби низ Македонија, соопшти заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на неколку откупни пунктови за грозје во Кавадаречко.

-  Изградбата на винарските визби покрај веќе обезбедените субвенции, ќе значи остварување дополнителна вредност, развој на лозарските региони и винскиот туризам, постигнување повисоки откупни цени и поголема конкуренција, истакна Коњановски.

Моментно Министерството работи на расчистување на 78 локации од кои 20 ќе бидат во Кавадаречко, 28 во Неготинско и осум во Росоман, доволен број, како што нагласи Коњановски, за развој на винарството, винската индустрија и винскиот туризам.

Тој оцени дека овој владин проект, изградбата на т.н. пат на виното, е убава вест особено за сите што се занимаваат со лозарство.


Откупот на грозјето во Кавадаречко без проблеми
Дата на објава: 
3 Септември 2011
konjanovski ok 1.jpg

Откупот на првите количини грозје во Кавадаречко се одвива без какви било проблеми, цените се навреме истакнати, а регуларна е и проценката на квалитетот. Ова денеска директно имаше можност да го види и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој посети неколку откупни пунктови.

- Дојдов да се уверам како тече откупот. Посетив неколку пунктови, разговарав со оние што го произведуваат грозјето, но и со оние што го преземаат. Иако откупната сезона е на почеток, сите се задоволни, изјави Коњановски.

Целта на Владата, напомена заменик-министерот, е да помага во дијалогот меѓу лозарите и винарите за да се постигне кооперантски однос меѓу двете страни.

-   Договореното е најсигурно. Затоа упорно ќе работиме на приближување и помагање на дијалогот, истакна Коњановски.

Според него, активностите на ресорното Министерство за надгледување и спроведување на откупот што почна пред околу 40 дена преку средби со винариите и лозарите веќе даваат резултат.


Продолжува забраната за движење во шуми до 10-ти септември
Дата на објава: 
1 Септември 2011
Minister pozari 01 09 2011 015.JPG

До 10-ти септември продолжува 24 часовната целосна забрана за движење во шуми и шумски појаси, поради најавените релативно високи температури во следните две недели и отсуството на подолготрајни врнежи,соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Како што информира министерот Димовски, од 8 часот и 30 минути вчера до денеска во истото време се регистрирани 47 пожари од кои 17 класични, 27 на отворено и три урбани.

- Владиното Координативно тело за заштита на шумите од пожари исто така препорачува градоначалниците да ги ангажираат сите персонални и материјално-технички ресурси за заштита и спасување при појава на природни непогоди и пожари, во овој критичен период да одржуваат секојдневни состаноци со надлежните институции на локално ниво, јавните претпријатија и концесионерите на ловиштата и пасиштата со цел следење на состојбата со пожарите, како и во зависност од можностите да набават апарати за рачно гаснење на пожарите, истакна Димовски.


Syndicate content