СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
15 Септември 2011
Konjanovski vo poseta na s. Zubovo.jpg

,,Никој нема право да манипулира со производителите и затоа апелирам до откупувачите да го почитуваат трудот на земјоделците и откупот да го вршат врз основа на склучени договори како што налагаат законските прописи. Договореното е најсигурно, оттаму, уште еднаш упатувам апел и до земјоделците и до откупувачите да се придржуваат до законските норми. Договорното производство е основа за  стабилен пазар тоа е модел за функционирање на довербата и за обезбедување на сигурен пласман,, Со овие зборови, вчера, заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски им се обрати на земјоделците од струмичкото село Зубово, каде заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, и пратеникот Ромео Тренов посетија неколку откупни пункта за зеленчук.

 


За 80 проценти зголемен извозот на земјоделски производи на рускиот пазар
Дата на објава: 
14 Септември 2011
Forum Ruska Federacija1.jpg

,,Република Македонија и Руската Федерација традиционално имаат одлична соработка, а потенцијалот за пласман на квалитетни земјоделско-прехранбени производи на овој пазар е голем. Потврда за тоа се позитивните резултати од реализираниот извоз во изминативе три години.  Само за периодот 2009 - 2010 година, извозот во Руската федерација е зголемен за осумдесет проценти. Од пласманот на свежо овошје и зеленчук, вино  и на други земјоделско-прехранбени производи во Русија во 2010 година државава инкасира 4,3 милиони евра девизен прилив наспроти 2,4 во 2009 година". Ова го констатира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на  македонско-рускиот деловен форум кој денеска се одржува во Москва, Русија во рамки на саемот за земјоделски производи,храна и вино ,,Светот на храната".

 


Повик за добивање овластување за испитување на ѓубриња
Дата на објава: 
7 Септември 2011

Се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица овластени за испитување на ѓубрињата ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 129/10 ), врз основа на член 34 од Законот за ѓубриња ( “ Службен весник на Република Македонија ” бр. 110/07, 20/09 и 17/11 ), да се пријават заради добивање овластување за испитување на ѓубрињата. Кон барањето за овластување заинтересираните правни лица треба да ги достават следните документи :

- тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице;

- диплома за завршено образование на вработените лица;

- потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато;

- М1 / М2 обрасци за вработените лица;


Израелската министерка за земјоделство ја поздрави иницијативата на државава за заштита на Охридското Езеро
Дата на објава: 
6 Септември 2011
Hidrobioloski zavod Ohrid.JPG

Израелската делегација предводена од министерката за земјоделство и рурален развој Орид Нокед, придружувана од нејзиниот колега министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во Охрид, ја посети јавната научна установа ,,Хидробиолошки завод,,- Охрид.  Првите луѓе на оваа институција ја запознаа израелската делегација со изведувањето на процесот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, процес кој почнал да се реализира во 1935 година со основањето на Заводот. Од 2005 година, поради влошената сосотојба со популацијата на  ендемскиот вид на охридската пастрмка, како што објаснија од Заводот, започна реализацијата на новиот приод кон вештачкиот мрест со колекционирање на икрите и враќање на матиците назад во водите на езерото.


Македонија ќе ги обучува израелците како се прават вински патишта
Дата на објава: 
5 Септември 2011
tikves 002.jpg

Поврзување на винските патишта на Република Македонија и Израел, но, пред се пренесување на македонското искуство за тоа како како да се обедини  јавниот и приватниот сектор, да се креира развој на винските патишта преку кои ќе се унапредува и развива винскиот, а преку него и културниот и руралниот туризам. Ова се дел од заклучоците на денешниот состанок на претставниците на Фондацијата Тиквешки вински пат со израелската делегација која ја предводи Орид Нокед, министер за земјоделство и рурален развој на Израел.


Syndicate content