Владата финансиски ќе ги поддржи градинарите со дополнителни 2 милиони евра
Дата на објава: 
21 Септември 2011
100_5492.JPG

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука  за издвојување на дополнителни 2 милиони евра за субвенционирање на производителите на домати и пиперки на отворено и во пластеници. Со оваа мерка, како што истакна на денешната прес конференција министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,  Владата финансиски ќе ги поддржи  производителите кои направија загуби во производството поради намалената продажба предизвикана од стравувањето од појавата на бактеријата ешерихија коли. Ваквата состојба, како што истакна тој, доведе и до ценовни пореметувања на домашниот пазар кои се одразија на ликвидноста на производителите, но и до губење на традиционалните пазари за домати и пиперки. Затоа, новата мерка која ја донесе Владата е во насока на ублажување на загубите кои ги претрпеа производителите на овие градинарски култури.

 


Ј А В Е Н П О В И К бр. 04/11
Дата на објава: 
21 Септември 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 04/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

 

1. К.О. Пепелиште, регион Неготино,

2. К.О. Тимјаник, регион Неготино

3. К.О. Долни Дисан, регион Неготино

4. К.О. Црвени Брегови, регион Неготино

5. К.О. Сопот регион Кавадарци.

 

Предмет на постапката од дел I став 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп

 

Додаток за превземање: 

Ј А В Е Н П О В И К бр. 03/11
Дата на објава: 
20 Септември 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 03/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

 

1. К.О. Криволак, регион Неготино,

2. К.О. Росоман регион Кавадарци

3. К.О. Раец регион Кавадарци.

4. К.О. Фариш регион Кавадарци.

5. К.О. Паликура регион Кавадарци

6. К.О. Дојран регион Гевгелија

Додаток за превземање: 

Јавен оглас бр. 04 11.doc
Дата на објава: 
17 Септември 2011

Врз основа на член 21 од Законот за земјоделско земјиште (“Сл. весник на РМ” бр. 135/07 и 18/11) по Одлуката бр.22-8360/1 од 09.09.2011 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува

 

Ј а в е н О Г Л А С    бр. 04/11

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ОГЛАС

Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата за подигање на оранжерии за времетраење до 30 години во регионот Свети Николе за вкупна површина од 15ха 57ар 80м2

Додаток за превземање: 

Средба со градоначалниците за нови локации за откупно-дистрибутивни центри
Дата на објава: 
16 Септември 2011

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски со градоначалниците од 16 општини денеска имаа координативен состанок околу изнаоѓање на нови 18 локации за откупно-дистрибутивни центри.

 

На состанокот беа разгледувани  парцели кои би можеле да се понудат на заинтересирани инвеститори за отворање на откупно-дистрибутивни центри, нивниот сегашен статус и локација во однос на патната инфраструктура.


Syndicate content