Дата на објава:
29 Мај 2013Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката за поголема размена со земјоделските производи, да ги детектираат евентуалните пречки во рамки на трговските ЦЕФТА договори и да побараат помош од државните институции за нивно заедничко надминување.
Ова е пораката од денешниот агробизнис форум што го организираа УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.
Неопходно е, беше речено, да зајакнат и активностите со цел што поголемо искористување на средствата од европските фондови.
- Соработката за поголема трговска размена станува прaкса и нужност зашто државите од регионот веќе бележат дефицит со ЕУ од околу 1,5 милијарда евра. Преку интезивни контакти ќе може барем да се надмине овој негативен биланс, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.