|
Новости
Николовски: Со колективниот договор повисоки плати, МЗШВ работи на зајакнување на Шумската полиција
Дата на објава: 1 Март 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со овластените службени лица од Шумската полиција. Целта на состанокот беше да се разгледаат проблемите со кои се соочува Шумската полиција, а воедно министерот Николовски, ги информираше присутните за Информацијата за потпишување на Колективен договор, која што деновиве беше усвоена од страна на Владата.
Со овој колективен договор овластените службени лица од Шумската полиција ќе се стекнат со право на работа во смени, ноќна работа и државни празници, додаток за опасна работа, како и отпочнување на постапка за стекнување право на бенефициран стаж. Односно, вработените во Шумската полиција ќе добијат 30 отсто повисока плата, во која што е пресметано работата во смени, ноќната работа, државни празници и додатокот за опасна работа. Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот.
Трибина во Конче:Повисоки субвенции за килограм тутун,стимулација за подобар земјоделски производ
Дата на објава: 24 Февруари 2018Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, советничката за земјоделство на премиерот, Ленче Николовска, директорката на УЈП,Сања Лукаревска, директорите на Платежната агенција и на Државниот инспекторат за земјоделство, Николче Бабовски и Јане Станкоски, денеска беа во посета на општината Конче, каде што присуствуваа на трибина за состојбите во земјоделството.
Бизнисмени од Албанија заинтересирани за инвестиции во македонското земјоделство
Дата на објава: 22 Февруари 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со бизнис секторот од Албанија, застапуван од Германската стопанска комора за индустрија и трговија во Албанија. На состанокот, министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Македонија креира поволна бизнис клима за влез на странски инвестиции. При тоа посочи дека се работи на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот, вклучително и со Албанија.
Од македонска страна, на состанокот беше презентирана моменталната состојба во македонското земјоделство, расположливите земјоделски површини,состојба со откупни центри и можност за купување на истите, број на добиток, проиозводство, стартешки гранки, начинот на финансиска поддршка во земјоделството, политиките на Владата за развој на овој сектор, како и можностите за инвестирање во областа на земјоделството во Република Македонија.
Николовски: Во спроведувањето на идните политики, важна е поддршката од Европската унија и од донаторската заедница
Дата на објава: 22 Февруари 2018Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа состанок на Секторската работна група за земјоделство и рурален развој, на која беа поканети и претставници од Делегацијата на Европската унија, претстваници од странските донатори и невладиниот сектор.
На состанокот се разговараше за главните перспективи и предизвици, како и за идните политики за развој на земјоделството и руралниот развој.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги презентираше клучните перспективи на политиките во земјоделството, во делот на храна и ветеринарство и фитосанитарните политики во Република Македонија. Посочи дека силно верува во зајакнувањето на перспективите на соработка со сите релевантни учесници во земјата, и меѓународните и регионалните организации, со цел подобрување на земјоделството и руралниот развој.
Николовски: МЗШВ активно соработува со сите општини и со АД Водостопанство за чистење на речните корита и одводните канали
Дата на објава: 21 Февруари 2018Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работна средба со градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. На средбата, се разговараше за актуелните состојби и активности од областа на земјоделството, како што се чистењето на одводните канали и речните корита, тампонирање на полските патишта и одржување на постојните и изградба на нови системи за наводнување.
Министерот Николовски беше во обиколка на дел од локациите каде што е во тек акција за чистење на одводните канали и речните корита од страна на општина Струмица и подружницата на АД Водостопанство.
На средбата министерот Николовски и градоначалникот Јаневски, се договорија за проширување на овие активности кои ќе дадат и поголем ефект во намалувањето на ризиците од поплави.
|
|
|