Николовски: Формиравме Комитет, кој ќе работи на надминување на сите бариери во меѓусебната трговија со Србија
Дата на објава: 
7 Март 2018
srb4.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ.Тема на состанокот беа измените на македонскиот „ Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашно“, но и сите отворени прашања и недоразбирања во меѓусебната трговија помеѓу двете држави.

Двајцата министри донесоа заедничко решение, во интерес на двете држави, односно дека за пакувањата на увозното брашно еден, два и пет килограми, контролни маркици ќе се лепат во Србија, а за пакувањата од 25 и 50 килограми, контролните маркици ќе се лепат во Македонија. Воедно на состанокот министрите се договорија во рок да се формира Комитете составен од надлежните институции на двете држави, чија што работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.


Потпишани првите договори за Програмата ИПАРД 2014-2020
Дата на објава: 
6 Март 2018
DSC_1523.JPG

Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите четери договори за користење на финансиски средства од Програмата ИПАРД 2014-2020. Во текот на следните денови ќе биде потпишан уште еден договор. Договорите беа потпишани од страна на директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, а на чинот на потпишување присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот Николовски посочи дека ефикасното искористување на ИПАРД Програмите е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр.


Челику: Идните политики на МЗШВ ќе се креираат врз база на детални анализи
Дата на објава: 
2 Март 2018
DSCN4728.JPG

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како одговорна институција за креирање и спроведување на земјоделската политика во државата, работи на создавање на политики кои како краен резултат имаат долгорочен одржлив развој на земјоделството во Република Македонија. Таквите политики мора да се базирани на податоци, анализи, утврдени состојби и предвидени трендови и ефекти.


Продолжуваат разговорите помеѓу министрите Николовски и Љаjиќ, за наоѓање заедничко решение за увозот на српско брашно
Дата на објава: 
2 Март 2018

Разговорите пoмеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љаjиќ продолжуваат и во следните денови со цел наоѓање заеднички решенија во врска со процедурите за контрола на квалитет при увозот на брашно во Република Македонија. Двајцата министри се одлучни и се поветени на изнаоѓање долгорочни решенија, во духот на започнатиот Берлински процес, кој води кон создавање на услови за заеднички пазар.

Засегнатите страни се информирани дека со измените на „Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашно“,  се менува само распоредот на целата процедура за увоз на брашно од странски земји во Република Македонија.


Николовски: Со колективниот договор повисоки плати, МЗШВ работи на зајакнување на Шумската полиција
Дата на објава: 
1 Март 2018
28577242_2112186689002859_4529466843030228151_n.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска одржа работен состанок со овластените службени лица од Шумската полиција. Целта на состанокот беше да се разгледаат  проблемите со кои се соочува Шумската полиција, а воедно министерот Николовски, ги информираше присутните за Информацијата за потпишување на Колективен договор, која што деновиве беше усвоена од страна на Владата.

 

Со овој колективен договор овластените службени  лица од Шумската полиција  ќе се стекнат со право на работа во смени, ноќна работа и државни празници, додаток за опасна работа, како и отпочнување на постапка за стекнување право на бенефициран стаж. Односно, вработените во Шумската полиција ќе добијат 30 отсто повисока плата, во која што е пресметано  работата во смени, ноќната работа, државни празници и додатокот за опасна работа. Зголемувањето на платите ќе се имплементира во текот на оваа година, со ребалансот на Буџетот.

 


Syndicate content