И земјоделскиот сектор прослави 20 години независност
Дата на објава: 
26 Септември 2011
strumica forum 2.jpg

,,Поради се што досега вложивме во развој на македонското земјоделство, особено во изминативе 5 години, Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,  не по 20 години, туку во многу скора иднина, на македонскиот земјоделец ќе гледа како на европски развиен бизнис партенер. Убеден сум дека  во годините што следат, зад нас ќе останат проблемите кои не тиштеа и не назадуваа во развојот во изминатиот период,,.Со овие зборови, министерот за земјоделство,шумарство и водостопставо Љупчо Димовски, им се обрати денеска на земјоделците и на науката на тркалезната маса ,,Земјоделците-следните 20 години,, која се одржа во Струмица по повод 20 години од независноста на Република Македонија.


Реакција
Дата на објава: 
26 Септември 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на лагите и на извртување на вистината што ја пласира дневниот весник “Капитал“ во јавноста.

 

Сакаме да ја запознаеме јавноста со аргументи кои се точни и не доведуват никого во заблуда.

 

Државниот завод за ревизија во извештаите за работењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во ниту еден момент не утврдува незаконско трошење на буџетските средства. Сите утврдени недоследности се аргументирани и прифатени со свој соодветен основ.

 


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
23 Септември 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство соопштува дека се поништува јавениот Огласот  05/11 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Се поништува јавениот Оглас 05/11 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за регионите: Куманово, Кавадарци, Радовиш, Свети Николе, Гевгелија, Крива Паланка и Ресен,објавен во дневниот печат на ден 13.09.2011 година.


Со засилени инспекциски контроли ќе се стабилизира цената на пазарот со ориз
Дата на објава: 
22 Септември 2011

Ценовно стабилизирање на пазарот со ориз преку обврзувачки откуп на домашно производство, засилени контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Државниот инспекторат за земјоделство на откупните пунктови и во прометот, најави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната средба со претставниците на Националниот совет за ориз.  На состанокот на кој се дискутираше за актуелната состојба со откупот на оризот присуствуваа и заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, градоначалниците на општините Кочани и Чешиново-Облешево и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство како што рече министерот Димовски ја прифати иницијативата на Националниот совет за ориз  за набавка на комбајни за жетва на ориз по поволни услови.


Македонија и Кина ја продолжуваат соработката во земјоделството
Дата на објава: 
22 Септември 2011
forum Kina 2.JPG

Во рамките на 6-от Форум на соработка помеѓу земјите на централна и источна европа и НР Кина, државниот советник во МЗШВ, м-р Перица Иваноски оствари средба со заменик министерот за земјоделство на Република Кина господинот Ниу Дун. На средбата покрај тоа што беа потенцирани одличните односи и соработка помеѓу двете земји и меѓу министерствата, беше договорено во следниот период клучните области на соработка да вклучат конкретни активности за промоција на македонските производи, пред се македонското вино на кинескиот пазар, скорешно комплетирање на постапката за директен извоз на нашиот тутун во Кина, промоција на можностите за инвестиции од Република Кина во македонскиот земјоделски сектор, научно-техничка и истражувачка соработка особено во важните подсектори како производството на ориз и друго.

Во текот на следните два дена македонското земјоделство и можностите за инвестирање ќе бидат презентирани во Хефеи, провинцијата Анхуи пред кинеските бизнисмени и преставниците од другите централно и источноевропски земји.


Syndicate content