Производителите и преработувачите на ориз ја договорија откупната цена
Дата на објава: 
1 Октомври 2011

Претставници на Синдикатот на земјоделците и Кластерот за ориз на денешната работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски ја постигнаа бараната откупна цена за арпата и белиот ориз од страна на земјоделците и преработувачите.

Килограм квалитетна арпа ќе се откупува по цена од 25 денари, додека белиот ориз во три класи ќе се откупува по 47 денари за прва, 45 за втора и 43 денари за трета класа. Намалена е и цената на луштење, односно биење на арпата од 3 на 2 денара. Комбајнирањето останува по стара цена од 1.000 денари за декар.

- Преработувачите прифатија и оваа година да се придржуваат кон мерката за секој увезен килограм бел ориз задолжително да откупат 4 килограми домашен ораз, изјави министерот Димовски.


Заменик министерот Коњановски ја отвори манифестацијата „Денови на македонскиот мед“
Дата на објава: 
29 Септември 2011
Denovi na medot 072.jpg

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска официјално беше отворена шестата по ред манифестација „Денови на македонскиот мед“ што ја организира општина Центар во соработка со пчеларската задруга „Матица“ и Федерацијата на фармери на Македонија како и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаносвки на официјалното отворање на манифестацијата најави дека ќе продожат владините политики за поддршка на пчеларството.

 


Министерството за земјоделство ќе работи на окрупнување на земјоделското земјиште
Дата на објава: 
28 Септември 2011
Stimerald 005.jpg

Расцепканоста на земјоделските имоти оневозможува зголемување на производството и конкуретноста на македонското земјоделство и примена на соодветни агротехнички мерки. Поради тоа, окрупнувањето на земјоделското земјиште е една од стратешките определби на Министерството за земјоделство со која во иднина треба да се надмине овој проблем, беше истакнато на денешната работилница за окрупнување на земјоделското земјиште.

За таа цел, се подготвуваат измени на постоечкиот Закон за земјоделско земјиште со кои треба да се надмине натамошното раситнување на земјоделското земјиште, а изготвена е и Нацрт стратегија за окрупнување (комасација) која по нејзиното финализирање треба да почне да се применува од 2012 година.


Првите луѓе на Министерството за земоделство се сретнаа со Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија
Дата на објава: 
27 Септември 2011
oriz 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски денеска, вторник 27.09.2011 година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржаа работен состанок со претставници на Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија. На состанокот претставниците од синдикатот ги изнесоа своите барања, но, во најголемиот дел се дискутираше за состојбата со откупот на оризот.

Производителите на ориз го информираа министерот Димовски дека оваа производствена сезона производствените трошоци се зголемени за 40 проценти и дека во кочанско откуп на арпа вршат само 5-6 компании кои ја диктираат откупната цена на пазарот, а таа годинава пониска од ланската. Оваа година, како што истакнаа тие, преработувачите ја зголемиле и цената за преработка на килограм арпа од 2 на 3 денари. Тие изразија чудење како е можно во Македонија цената на оризот да паѓа, кога на севстко ниво оваа година таа е зголемена во просек за 20- 30 проценти.


Соопштение
Дата на објава: 
27 Септември 2011
ZA MZVSH (3).jpg

Владата и министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство презема конкретни активности за поттикнување на овоштарството. Покрај субвенциите за јаболковите насади кои од година во година се зголемуваат последниот период поголем акцент ќе биде ставен врз изградбата на откупно-дистрибутивен центар во Преспа истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешното обележување на единаесеттата по ред манифестација  ,,Преспански јаболкобер,,.

 

Годинава на околу 4 000 хектари насади со јаболко во Преспа ќе бидат набрани околу 60 000 тони јаболко што во однос на лани е за 30 насто помал род. Ваквиот намален род е резултат на лошите временски услови во пролетниот период. Сепак се очекува пласманот и цените да бидат добри истакна Михаил Волкановски градоначалник на Ресен.

 


Syndicate content