Министерот Димовски на отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,,
Дата на објава:
15 Октомври 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченоста по повод отворањето на салата за дегустација на вино во винарската визба ,,Стоби,, во Градско. ,,Ваквите инвестиции во винарскиот сектор се уште една потврда дека заложбите на Владата н Република Македонија за поддршка на оваа моќна и перспективна стопанска гранка веќе ги даваат позитивните резултати. Не само преку зголеменото производство на вино, осовременувањето на винарските визби , трасирањето на македонските вински патишта , туку и преку зголемувањето на бројот на на домашни, но пред се на странски туристи, кои ќе уживаат македонската боговска капка и ќе ја раскажуваат древната приказна за нашето вино,, - рече во обраќањето министерот Димовски пред присутните на свеченоста.