Првите луѓе на Министерството за земјоделство присуствуваа на Фестивалот на органска храна
Дата на објава: 
29 Октомври 2011
festival na organska hrana.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски, денеска, на Градскиот плоштад во Скопје, присуствуваа на првиот Фестивал на органска храна. Првите луѓе на Министерството, остварија средба со производителите и дегустираа органски производи. Манифестацијата ,, Фестивал на органската храна,, е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градот Скопје во соработка со Федерацијата на производители на органски производи.

- Производството на органска храна стана препознатливо земјоделско призводство и се подостапно за граѓаните. Радува фактот дека во Република Македонија, во изминативе неколку години, евидентен е континуираниот расти развој на органското производство.Сертифицираната производствена површина само за една година се зголеми повеќе од три пати, односно од околу 1.400 хектари во 2009 на 5.225 хектари минатата година, рече министерот Димовски на отворањето на манифестацијата.


Јавен повик бр. 06/11
Дата на објава: 
28 Октомври 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 06/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

 

1. К.О. Кавадарци, регион Кавадарци,

2. К.О. Марена, регион Кавадарци,

3. К.О. Курија, регион Неготино,

4. К.О. Војшанци, регион Неготино,

5. К.О. Корешница, регион Неготино,

6. К.О. Бистринци, регион Неготино,

7. К.О. Фурка регион Гевгелија,

8. К.О. Миравци регион Гевгелија,

9. К.О. Делчево, регион Делчево,

10. К.О. Вирче регион Делчево,

11. К.О. Стамер регион Делчево

Додаток за превземање: 

Ј А В Е Н П О В И К бр. 05/11
Дата на објава: 
27 Октомври 2011

Ј а в е н П О В И К    бр. 05/11

за доставување на понуди за давање во закуп

на земјоделското земјиште во државна сопственост

I.  ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за катастарската општини:

 

1. К.О. Нов Дојран регион Дојран

2. К.О. Црничани регион Дојран

3. К.О. Сретеново регион Дојран

4. К.О. Тремник регион Неготино,

5. К.О. Тработивиште регион Делчево,

6. К.О. Град регион Делчево,

7. К.О. Стар Истевник регион Делчево,

Додаток за превземање: 

Одржан состанок на Координативното тело на акцијата за пошумување ,,Ден на дрвото,,
Дата на објава: 
26 Октомври 2011

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставниците на Координативното тело  на традиционалната акцијата за пошумување ,,Ден на дрвото,,. Како што беше заклучено на состанокот, есенската акција за пошумување во рамки на годинашната кампања како и досега, ќе се изведе во третата недела од ноември, за што наскоро ќе се дефинираат и локациите каде што ќе се пошумува.


Кинески компании се запознаа со можностите за инвестирање во македонското земјоделство
Дата на објава: 
26 Октомври 2011
Kineska delegacija-Minister 002.jpg

Продлабочување и интензивирање на воспоставената соработка на полето на земјоделството, договорија на денешната средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Ван Хуа, заменик директор на Комисијата за земјоделство на провинцијата Анхуи од Народна Република Кина. Во текот на тридневната посета на Република Македонија, претставниците од  компаниите од земјоделско- прехранбениот сектор на НР Кина, се запознаа со капацитетите и потенцијалите на земјоделскиот сектор на Република Македонија, особено винскиот сектор, производството на овошје и зеленчук, со оранжериското производство и можностите за инвестирање во искористување на геотермалната енергија во областа на земјоделството.

 


Syndicate content