Дата на објава:
2 Ноември 2011,,Можностите на македонското земјоделство се огромнии тие мора да се искористат, вклучувајќи ги и сите предности со кои тоа располага. За да се постигне ова, неминовна е заедничка, интензивна работа на сите вклучени во секторот, на производителите, стопанските субјекти, науката и државата. Со досегашната политика, Владата покажа дека е сериозно насочена кон развој на земјоделството, иако, знаеме дека можеме многу повеќе,,. Ова им го порача на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на производителите, преработувачите и трговците со земјоделски производи на денешната седница на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија посветена системската поддршка за конкурентно земјоделско производство.