Македонското Министерство за земјоделство ќе претседава со Собранието на СВГ во 2012 година
Дата на објава: 
11 Ноември 2011
100_5741.JPG

Дефинирање на идните насоки на реформите во земјоделството и руралниот развој во Југоисточна Европа, продолжување на реформските процеси за зачленување во Европската унија и интензивирање на започнатата регионална соработка на полето на земјоделството и руралниот развој. Ова се дел од заклучоците кои денеска ги донесоа учесниците на Петтиот годишен состанок на министрите за земјоделство  од Југоисточна Европа, кој се одржа во винарската визба ,,Стоби,, во Градско. Учесниците на годинашниот состанок се договорија и за интензивирање на размената на искуства и обезбедувањето помош во процесот на приближување кон Европската унија во земјоделството и руралниот развој и тоа на земјите кандидати и на потенцијалните кандидатки на членство во Унијата.


Ќе се интензивира соработката на македонското со министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија
Дата на објава: 
10 Ноември 2011
10 007.jpg

Покренување на иницијатива за склучување  на билатерални договори за соработка меѓу министерствата за земјоделство од регионот,  интензивирање на соработката на полето на интегративните процеси, во прв ред преку пренесување на позитивните искуства од страна на земјите членки на Европската унија. Ова денеска го договори министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставцниците на министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија на билатералните состаноци кои се одржаа во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,  во рамки на Годишниот состанок на министрите за земјоделство, членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој.


Потврдите за платени надоместоци по службена должност МЗШВ ќе ги доставува до Платежната агенција за сите земјоделци
Дата на објава: 
9 Ноември 2011

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како што соопштивме и во текот на вчерашниот ден, по службена должност ќе ги достави потврдите за платени надоместоци за сите земјоделци кои аплицирале за Програмата за рурален развој  за оваа година, вклучително и за оние кои по пошта веќе добиле потври за платени надоместоци за користење на државна земја и за механизација од Јапонската помош. На ваков начин  Министерството за земјоделство им излезе во пресрет на барањата на сите земјоделци, односно и на оние кои апликациите за Програмата ги доставиле во почетокот од објавувањето на јавниот повик, а кои аплицирале  непосредно пред поедноставувањето на процедурите за аплицирање.

 Со  ваквото поедноставување на процедурите, Министреството како и досега покажа дека има  слух за потребите и барањата на сите земјоделсци во Република Македонија.


Наместо на земјоделците, потврдите за аплицирање МЗШВ по службена должност ќе ги доставува до Платежната агенција
Дата на објава: 
8 Ноември 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство по службена должност до Агенциајта за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе ги доставува потврдите за платен надоместок за користење на државна земја и за механизација од  јапонската помош. За ова се информирани сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во почетокот на минатата недела со што е дадена можност на сите заинтересирани земјоделци да аплицираат за годинешната Програма за рурален развој.

Инаку, во интерес на навремено реализирање на пртограмата за поддршка на руралниот развој, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги следи потребите и барањата на земјоделците. Токму затоа годинава фокусот за трошење на финансиската средства од оваа програма е ставен на мерките за модерницазија на земјоделските стопанства, вклучително и за набавка на земјоделска механизација како и за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, што е од големо значе ње за земјоделците.


Успешно го градиме македонскиот модел на современо земјоделство
Дата на објава: 
5 Ноември 2011
press 5.11.2011 005.jpg

Со многу труд, макотрпна работа, посветеност и решителност, преку преземање конкретни мерки и активности, покажавме дека ги спроведуваме реформите за подобрување на состојбите во земјоделството, рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, давајќи отчет за сработеното во изминатите 100 дена.

На прес-конференцијата  која се одржаво министерството за земјоделство,шумарство и водостаопанство, а на која присуствуваа и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски и државниот секретар на Министерството Бесир Јашари, миниатерот Димовски го изрази уверувањето дека работите  се движат во вистинаки правец  и дека ветеното се остварува и тоа со со оправдување на довербата од земјоделците и граѓаните.

Освен реализирањето на планираните проекти за квалитетно, конкурентно производство, како што истакна тој, интензивно се работи и на усогласување на домашната со европската аграрна политика.


Syndicate content