Инспекторатот за земјоделство спречи продажба на 60 тони банани, садници сливи и праска со сомнителен квалитет
Дата на објава: 
20 Ноември 2011
press DIZ 006.jpg

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) забрани пуштање во промет 63.360 килограми банани. Како што информира денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот Румен Стаменов, бананите, кои вчера биле уништени на депонијата во Гостивар се по потекло од Гватемала, но, не ги задоволувале ниту минималните стандарди за квалитет.

- Постапувајќи согласно Законот за квалитет на земјоделските производи, со цел да ги заштитиме домашните потрошувачи, не дозволивме во нашите маркети и на нашите зелени пазари да се пуштат во продажба над 60 тони банани. ДИЗ спречи и ставање во промет 5.200 садници сливи и 200 садници праска увезени од Велика Дренова – Трстеник, Република Србија, кај кои е пронајден вирусот „шарка“ чие внесување и ширење во Македонија е забрането- рече Стаменов.


Промовирана стандардизирана опрема за гаснење на шумски пожари
Дата на објава: 
17 Ноември 2011
Oprema za gasenje pozari 033.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  денеска присуствуваше на промоција на опремата за гаснење на пожари обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ кој го реализира Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во соработка со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Опремата за гаснење на пожари ќе послужи како модел за опремување на јавните претпријатија кои управуваат со шумите, а која треба да биде една од основите за обезбедување на интегрирано управување со пожари и за нивна контрола на терен. Опремата беше презентирана во рамки на денешната работилница „Интегрирано управување со пожари“.


Пречистени текстови
Дата на објава: 
17 Ноември 2011

Министерот Димовски свечено го отвори 61 издание на Агрофуд 2011
Дата на објава: 
15 Октомври 2011
Agrofud 2011 009.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, вчера вечер ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор - Агрофуд 2011.,,Традиционално и оваа година на едно место, во интерес на унапредување на секторот, преку размена на искуства и непосредни контакти се среќаваат директните учесници во синџирот на производство на храна-производителите, преработувачите, трговците и потрошувачите. Република Македонија е земја која ги следи светските текови во производството на храна и оттаму, во изминативе неколку години сериозно се зафативме со стабилизирање на секторот кој го храни населението.Преку драстично зголемување на субвенциите, од симболични 5 милиони евра во 2006 год. и годинешните 115 милиони евра, додадовме нов импулс во примарното производство и во преработувачкиот сектор – истакна во своето обраќање министерот Димовски.

 


Молдавија заинтересирана за размена на искуства за интензивирање на соработката во винскиот сектор
Дата на објава: 
12 Ноември 2011

Молдавија заинтересирана за размена на искуства за интензивирање на соработката во винскиот сектор


Syndicate content